Печен карфиол со кашкавал

Доколку го барате совршениот здрав и вкусен оброк, овој рецепт е токму за вас. Нашиот нов предлог е печен карфиол со кашкавал и зачини.Потребно е: 
– 1 килограм карфиол
– 2 јајца
– 200 грама павлака
– 150 грама кашкавал
– 2 моркови
– 1 цвекло
– зачини
– мајчина душица
– магдонос
Подготовка:
Карфиолот, морковот и цвеклото ставете ги во топла вода да обарат 5 минути. Во павлаката додадете две јајца, исечкајте мајчина душица и ставете зачини, па измешајте. Исецкајте половина од кашкавалот во форма на линии па ставете го во карфиолот само внимавајте да не се раздели карфиолот. Излупете го цвеклото и засечете го на пола па и во него ставете кашкавал.
Карфиолот премачкајте го со павлаката и изрендајте кашкавал. Истот направете го и со морковот и цвеклото. Печете на 200 степени околу 30 минути додека да зацрвени.
Пријатно јадење!
 Потребно е: 
– 1 килограм карфиол
– 2 јајца
– 200 грама павлака
– 150 грама кашкавал
– 2 моркови

Пронајдете не на следниве мрежи: