Македонскиот репрезентативец одигра речиси перфектен натпревар, тој со 17 поени и шест скока беше предводник на својот тим, каде уште се истакна Василис Спанулис со 12 поени, но тој во последниот напад не успеа да погоди тројка со кој натпреварот ќе го однесеше во продолжение.Во редовите на Панатинаикос, чии кошаркари во еден дел од натпреварот имаа предност од 17 поени, најпрецизен беше Димитрис Дијамантидис со 19 поени.Финалниот меч во грчкиот Куп го одбелажаа инцидентите пред неговиот почеток, кога навивачите на Панатинаикос со сигнални ракети ги гаѓаа своите опоненти, а една од нив го погоди и центарот на Олимпијакос Кајл Хајнс.Играчот на Олимпијакос не беше посериозно повреден го почна натпреварот, но вината на навивачите продолжи по што полицијата во вториот приод беше принудена да ги испразни трибините.
МакфаксМакедонскиот репрезентативец одигра речиси перфектен натпревар, тој со 17 поени и шест скока беше предводник на својот тим, каде уште се иста