Владејачката ВМРО-ДПМНЕ по трибината во општина Гази Баба вечерва одржа трибина и во скопската општина Ѓорче Петров. Целта на овие трибини е претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги слушнат идеите од граѓаните, од кои најдобрите ќе влезат како проекти во предизборната програма на партијата.-Она што можеме да го ветиме денес е дека секој предлог што ќе биде даден од вас ќе биде внимателно прочитан, разгледан и анализиран и оние за кои ќе процениме дека во овој момент можеме да ги реализираме ќе бидат ставени во програмата. Затоа е потребно, кога ги запишувате идеите, да ги наведете и вашите податоци за понатаму да ве информираме дека благодарение на вас се реализираат одредени проекти. Она што ќе биде во програмата е тоа што реално го ветуваме, истакна Пешевски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период реализира голем број на проекти како дел од проектите што се реализираат од програмата, а од страна на СДСМ граѓаните не видоа ниту една активност, ниту проект кој бил во насока да се подобри нешто во државата.
-Тие започнаа криза, предизвикаа криза во државата, предизвикаа несигурност кај луѓето и сите ние на еден начин во исчекување сме кога ова ќе заврши. Бараа избори, а сепак кога дојде фазата да се договориме за нив, она што го прави СДСМ и Заев е тоа дека бегаат од избори, истакна тој.-Она што можеме да го ветиме денес е дека секој предлог што ќе биде даден од вас ќе биде внимателно прочитан, разгледан и анализиран и оние за кои