Имате Аndroid паметен уред и сакате да го освежите се неколку нови и интересни апликации, но не сте сигурни кои се добри. Во овој избор се најдоа апликациите кои ќе ви помогнат никогаш да не изгубите некој текст, лесно да ги префрлите контактите и слично.1. Type Machine
Оваа апликација ќе ве спаси од непријатните ситуации кога ќе ви се изгуби некој текст што сте го пишувале бидејќи по грешка сте го избришале или ви крашнала апликацијата. Type Machine може да чува се што сте напишале во било која од основните Android апликации, а самиот корисник може да одреди што точно сака да биде зачувано.
Како што објаснуваат авторите, станува збор за сигурно и квалитетно решение кое е достапно и за Android таблет компјутерите.
2. FullContact Card Reader
FullContact Card Reader е апликација која ви овозможува лесно да ги зачувате податоците од визит карта и да ги имате на прегледен начин во адресарот. За се да помине без грешка, апликацијата не користи оптичко препознавање на букви, туку вистински тим на луѓе кои ја сортираат содржината.
3. Opera Max (Beta)
Интернет пребарувачот Opera сигурно ви е познат, а овој пат норвешката компанија подготви и посебна верзија која ги компресира фајловите што ги прегледувате на интернет. Тоа овозможува подобра контрола на трошоците, што е особено важно за оние што имаат лимитирана интернет претплата.
Прочитајте ги и останатите на GSM.mk1. Type Machine
Оваа апликација ќе ве спаси од непријатните ситуации кога ќе ви се изгуби некој текст што сте го пишувале