По 12- ти пат започнаа училишните спортски лиги

Во спортската сала Методија Андонов – Ченто, во н. Маџари, во организација на општина Гази Баба и Сојузот за училишен спорт Гази Баба,по дванаесетипат започнаа училишните спортски лиги 2017/2018. Во рамките на училишните лиги се вклучени спортовите: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, пинг понг, атлетика, шах, тенис и крос.
На територија на општина Гази Баба ќе бидат опфатени околу 1500 ученици во овие лиги. Целта е да се мотивираат повеќе ученици да спортуваат , да се рекреираат и да другаруваат.
Градоначалникот Борис Георгиевски го отвори настанот и се обрати пред присутните, при што им посака на сите училишта среќа и успех во натпреварувањата.
–  Вклучувањето на младите во спортот и спортските активности допринесува за изградбата на здрави личности. Само физички активната младина може вистински да го развива својот интелектуален потенцијал и да гради силна волја и јак морален дух.
Спортот и физичките активности се важни за здравјето на младите, што им помага во процесот на совладување на наставните содржини, во напорната работа, во секојдневните предизивици, како и во постигнувањето на успехот на повеќе полиња.
Се надевам дека од вас ќе произлезат добри спортисти, наши идни репрезентативци и амбасадори на нашата држава, рече на крај на своето обраќање градоначалникот Георгиевски.Во рамките на училишните лиги се вклучени спортовите: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, пинг понг, атлетика, шах, тенис и крос.
На тер

Пронајдете не на следниве мрежи: