По 500 сообраќајни несреќи на час во Москва: „Луѓе, запомнете го овој историски ден“

Поради снежната виулица во Москва денеска речиси целосно е парализиран патничкиот сообраќај. Виулицата за кратко време донесе повеќе од 25 сентиметри снег, а полицијата регистрираше дури 500 сообраќајни несреќи на час.Јандекс, што сообраќајните турканици ги рангира со скала од еден до десет, на денешниот хаос во Москва му ја додели највисоката оценка.
– Луѓе, запомнете го овој историски ден. Ова е првпат толку рано, уште на почетокот на зимата, да биде забележена оценката десет, и да трае толку долго, веќе седум часа. Ситуацијата ќе биде уште полоша, напишала на Фејсбук портпаролот на Јандекс, Елина Ставискаја.
На московските улици излегле повеќе од 11.000 специјализирани машини за чистење на снегот, кои имаат проблеми да излезат на крај со така големите врнежи од снег за така кратко време. Ситуацијата дополнително се влоши во вчерашните попладневни часови, кога поголем број граѓани тргнаа од работа кон своите домови.
Катастрофалните временски услови и исклучително малата видливост во руската престолнина предизвикаа голем број судари, па така во 17 часот по локално време полицијата пријави дека за само еден час се забележени дури  500 судари, вклучувајќи и 45 тешки сообраќајни несреќи.Јандекс, што сообраќајните турканици ги рангира со скала од еден до десет, на денешниот хаос во Москва му ја додели највисоката оценка.
– Л

Пронајдете не на следниве мрежи: