По традиционален англиски рецепт: Подгответе вкусна овчарска пита

Сте ја пробале ли популарната овчарска пита? Оваа пита која е обожавана во светски рамки претставува традиционално англиско јадење кое се припрема од месо и пире од компириСостојки:
2 лажици маслиново масло
900 грама мелено телешко месо
сол и црн пипер
2-3 средни главици рендан кромид
2 рендани моркови
2 чешниња рендан лук
5 лажици ворчестер сос
4 лажици доматно пире
1 чаша црвено вино
свежа мајчина душица
 свеж сечкан рузмарин
1 чаша пилешки бујон
1 кг варени компири
2 жолчки
6 лажици рендан пармезан.
Подготовка:  
 Во голема нелеплива тава на оган, на висока температура ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте го меленото месо, посолете и зачинете го со мелен црн пипер. Месото пропржете го додека добие убава кафеава боја.  
 Во тава додајте го ренданиот кромид и измешајте. Потоа, додајте ги ренданите моркови и продолжете со пржењето. Во тавата додајте го ренданиот лук, измешајте и кратко пропржете ги состојките.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.

 
Температурата намалете ја и додајте ги ворчестер сосот, доматното пире, црвеното вино, листовите свежа мајчина душица, сечканиот рузмарин. Динстајте ги за време од неколку минути, додека количината на течност се намали за половина.
Во тавата додајте го пилешкиот бујон и динстајте за време од 3 до 4 минути.
Компирите испасирајте ги. Во садот со компири додајте ги жолчките, посолете и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте ги со дрвена лажица за да се добие хомогена смеса. Во садот со компири додајте 3 лажици рендан пармезан и измешајте.
 Во керамички сад за печење ставете ја смесата со мелено месо. Врз неа нанесете го пирето од компири, израмнете и наросете со преостанатиот пармезан. Тавата ставете ја да се пече во загреена рерна на 180 степени за време од 18 до 20 минути. Печената овчарска пита извадете ја од рерната и послужете ја додека е топла. На здравје!
Состојки:
2 лажици маслиново масло
900 грама мелено телешко месо
сол и црн пипер
2-3 средни главиц

Пронајдете не на следниве мрежи: