Непознати лица по вторпат во последните три дена гозапалија знамето на Европската унија во градот Тисно на островот Муртер во јужниот дел на крајбрежјето на Хрватска, објави во саботата порталот 24sata.hr.Ноќта кон саботата вандали го спуштиле од јарболот знамето на Европската унија и го заплиле, без да го оштетат националното хрватско знаме и знамето на општината Тисно.Сличен инцидент се случи и пред неколку дена. Градските власти на помош во саботата ја повикаа полицијата.„Огромно мнозинство во Тисно гласаа за пристапување на Унијата. Населението отсекогаш било отворено, особено кон Европа и никогаш не можеше да се забележи антиевропско или какво и да е ксенофобични расположение. Материјалната штета не е голема, но инцидентот внесува немир“, вели градоначалникот Иван Кларин, кој остро го осуди палењето назнамето на ЕУ и изрази надеж дека полицијата брзо ќе го утврди мотивот и идентитетот на сторителите.За палење на знамето на Европската унија вандалите ќе одговараат како да го запалиле и државното хрватско знаме, односно се соочуваат со казна затвор од три месеца до три години.Хрватска официјално ќе се приклучи на ЕУ на 1-ви јули 2013 година. Оваа земја ќе стане 28-та членка на Евроспката унија и втората поранешна република од некогашната СФРЈ, по Словенија, која ќе влезе во Унијата.
МакфаксНепознати лица по вторпат во последните три дена гозапалија знамето на Европската унија во градот Тисно на островот Муртер во јужниот дел на