Почина позната македонска режисерка

На 43-годишна возраст во Берлин денеска по долго боледување почина македонската режисерка на документарни филмови, Билјана Гарванлиева.Веста за нејзината смрт на својот фејсбук профил ја сподели нејзиниот соработник на последниот проект, уметникот Јован Балов.
„Почитувани пријатели, денес нѐ напушти Билјана Гарванлиева. Имав чест и радост да помогнам и учествувам во реализацијата на нејзиниот последен видео документарен запис. Почивај во мир!“, напиша Балов додавајќи дека таа пред само три недели ги снимила последните кадри од новиот документарец.
Гарванлиева е авторка на документарните филмови  „Девојчето со хармоника“, „Девојчето што бере тутун“ за Јуруците во Македонија и „Шивачки“, приказна за три жени кои работат како шивачки за странски фирми во Штип, што во 2010 ја освои главната награда „Срце на Сараево“ на Сараевскиот фестивал.
Сите нејзини филмови играа на бројни светски фестивали, каде што беа и наградувани.
Таа е авторка на сценариото на „Златната петорка“, долгометражното играно деби на Горан Тренчовски, кое следната недела ќе го затвори овогодинешниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.
Веста за нејзината смрт на својот фејсбук профил ја сподели нејзиниот соработник на последниот проект, уметникот Јован Балов.
„Почиту

Пронајдете не на следниве мрежи: