Поховани пиперки со шунка и фета сирење

Поховани пиперки со шунка и фета сирењеСостојки:
8-10 печени пиперки
300 гр фета сирење
150 гр кашкавал
100 гр шунка
јајца за поховање
презла за поховање
брашно за поховање
масло за пржење
мешавина зачини
Подготовка:
Пиперките очистете ги од семките, а потоа по должина расечете ги за да добијат облик на правоаголник. Фета сирењето истолчете го со виљушка, кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, а шунката ситно исецкајте ја.
Во одговарачки сад соединете го фета сирењето, шунката, кашкавалот и зачините по вкус.
Со припремената маса премачкајте ги пиперките,а потоа заролајте.
Ролованите полнети пиперки извалкајте ги во брашно, потоа натопете ги во јајца, а на крајот во презла. Пиперките пржете ги на врело масло додека не поруменат (кога маслото добро ќе се загрее намалете оган, за да не изгорат).
Повеќе кулинарски трикови, рецепти, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
8-10 печени пиперки
300 гр фета сирење
150 гр кашкавал
100 гр шунка
јајца за пох

Пронајдете не на следниве мрежи: