Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, денеска заедно со тимовите на кумановскиот Центар за вработување оствари средби со невработени лица и со работодавци од општината во рамки на акцијата која започна во декември минатата година „Се бориме за секое работно место“.Според Поповски, редовните средби овозможуваат создавање доверба кон Агенцијата за вработување, која, рече, долго време била нарушена.Тимовите на Центарот остварија средби со повеќе групи невработени млади до 29 години, со невработениете од 30 до 39, од 40 до 49, како и со работодавците.
– Добрата соработка со работодавачите е најбитниот момент за Агенцијата за вработување. Во последно време се повеќе имаме и поплаки од работодавачите дека дел од нивните огласи остануваат празни и покрај неколку објавувања и на нашиот портал и преку медиумите, изјави Поповски.
Тој најави дека ќе разговараат со работодавачите околу проблемите кои се поврзани со пазарот на труд, какви квалификации недостасуваат,што треба да се обезбеди во наредниот период, дали мерките што се нудат се соодветни за нивните потреби. За невработените, рече Поповски, ќе се отворат можности преку програмите да дојдат до вработување, преку стекнување квалификации и да се обидат преку можностите за посредување да се најде соодветно работно место. Во последен период, нагласи Поповски, се бараат технички струки кои во Република Македонија изминатиот период беа во мирување.
– Иако, дел од тие луѓе поседуваат образование,сепак не поседуваат практични знаења, така што во нардниот период, фокусот ќе биде ставен да помогнеме на образованиот процес и оние веќе кои завршиле да дојдат до соодветни вештини, за да има помалку невработени,повеќе вработени, рече Поповски.
Во наредниот период, најави дека ќе поразговараат со работодавачите и информираше дека наложил сите огласи од крајот на ноември минатата година до крајот на јануари, кои останале непополнети да се разгледаат.
– Да видиме што е мотивот, дали се само формални огласи или биле вистински, рече Поповски.
Нагласи дека претежно се дефицитарни кадри од делот на стручните занимања и занаетите. Одговарајќи на новинарски прашања за бројот на невработените во Куманово и за тоа дека стечајците се пожалиле оти не се поканети на обуките, Поповски истакна дека може да зборува само за активните и пасивните баратели на работа. Во однос на прашањето за стечајците, Поповски рече дека во ниту еден случај не може да се дискриминира невработено лице и оти се зависи од самиот работодавач.
– Наша работа е да направиме поеднакви услови за сите,нашиот систем не бира години. Ако се бара кројач, ние ги повикуваме сите,без разлика дали е стечаец над 50 години, изјави Поповски.
Раководителот на Центарот за вработување Куманово, Милорад Тренчевски, информира дека во Куманово има 10.700 активни баратели на работа и околу 9.000 пасивни баратели на работа. Според него, има заинтересиранот за обуките кои ги организира Центарот и дека има ефекти. Тој истакна дека лани со обуката субвенционирање на пазарот на трудот во Куманово има 40 лица кои директно се вработиле по тој основ.Според Поповски, редовните средби овозможуваат создавање доверба кон Агенцијата за вработување, која, рече, долго време била нарушена.Тимовите на Ц