ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ на избоденото момче на игралиште, ќе ви го скршат срцето

Девет годишното момче, Мајкл Веркерке иако избоден со нож, успеал да дојде до дома, каде што паднал и умрел. Никој не знае што го натерало неговиот пријател, 12-годишниот Џемерион, на сред игра на паркинг да извлече нож и да го убие!Американската сојузна држава Мичиген била потресена од убиството на 9-годишното момче од страна на неговиот 12-годишен пријател, кој го забодел со нож на детското игралиште во местото Пајнбрук.
Мајкл Конор Веркерки си играл со своите двајца браќа и Џемерион Лохрн, кој во еден момент од непознати причини извадил нож и го избодел.
„Доколку ми се случи нешто, ти не си виновен. Секогаш ќе те сакам”, биле последните зборови кои малиот Мајкл му ги кажал на еден од своите браќа, кој се обидел да го однесе дома и да повика помош.
Мајкл успеал со помош на својот брат да дојде до дома, но паднал пред вратата. Итната помош пристигнала, но лекарите не можеле да направат ништо.
Што го навело 12-годишниот Џемерион на овој крвав чин – не е јасно. Тој во вторникот бил изведен пред суд, а неговиот адвокат кажал дека Џемерион не се чувствува виновен и побарал психолошко вештачење. Меѓутоа, детето го прекинало и рекло дека го разбира обвинението за убиство.

 
Сведокот Глен Стејси раскажал дека работел во својата градина кога Џемерион му пришол и му го побарал мобилниот телефон. Мислејќи дека детето сака да ги повика родителите веднаш му го дал телефонот, но се шокирал кога ги слушнал неговите зборови
“Сакам да умрам. Не сакам да живеам на овој свет повеќе. Дојдете по мене, ве молам, прободев некого!”, им кажал младиот Џемерион на полицајците.
Заедно ја почекале полицијата. Полицајците не сфатиле веднаш за што станува збор, па малиот убиец ги подал рацете да му стават лисици.
На игралиштето каде што бил избоден Мајкл во средата се одржало бдеење. Граѓаните палеле свеќи и се молеле, а многумина донеле и играчки.Американската сојузна држава Мичиген била потресена од убиството на 9-годишното момче од страна на неговиот 12-годишен пријател, кој го забодел со

Пронајдете не на следниве мрежи: