Последното танго на УДБА

Ноември во Скопје. 40-тина дена пред избори. Другарот Бранко би рекол избори на кои народот ќе објави, ќе обзнани уште една гоооолема победа за Македонија. Поведени од тие далечни победнички за нив – губитнички за Македонија и народот во неа времиња, некои фаци по социјалните мрежи почнаа да прават анкети од типот „со колку гласови разлика ќе победи СДСМ на претстојните избори„ .Аферим.

Македонија на никого не му го одзема правото да сонува. И од кога појдов на сајтот на „Рејтинг“ кај почитуваниот другар Спасов како проверен извор на ваков вид политичка сатира (Екселенцијо Герет, човекот уште се надева на ваш грант за политички хумор) и се уверив дека дотичниот нема направено никакви предвидувања за големата победа над режимот што се подготвува како најубав новогодишен подарок за македонските урбани граџани, решив да прошарам по порталите и медиумите со проопозициска ориентација (читај урбани) за да го лоцирам изворот на овој оптимистички бран по кој само можам да замислам колку варијанти за распределба на министерските места направила исто така штованата професорица Јасна Котевска.

А таму шок! СДСМ си нарачале анкета од друга агенција не онаа на Спасов (лоши, лоши СДСМ) каде што значајно се приближиле до рејтингот на ВМРО. Иако звучи како добра заебанција за сите пари – да си нарачаш анкета во која значително се доближуваш до рејтингот на владеачката партија и не е така страшно. Еве ќе речеме дека е обид за мобилизација на по летаргичните во слободарскиот кампус. И таман народот да го проголта мамецот „само што није “ (Во превод – Готов е), кој се вергла веќе две добри години во стилот на посакувана ерекција која никако да се случи и покрај сите шарени „бонбончиња“ од Чадорот, излегува серија на легендарни епизоди на Топ Тема на Телма со сите можни математики како СДСМ и 96 други партии би оневозможиле Грујо да стигне до посакуваните 63 пратеници кои културно си ги побара од неурбаните и небањатите.

Чекај сега малку? Нели беше финтава да се победи режимот? Па две години секојдневна кампања, иницијативи, шарени, протестој, фарбања, кршења, хистерии…. Сакате да ми кажете дека по две години пропаганда, вистини за Македонија и 80 + милиони евра профучкани на „пад на режимот на Грујо“,  вие сте уште на damage control  стадиум? Извинете на францускиов, но да бевте тркачки коњ драги мои револуционАри, базирано на перформансите, до сега ќе бевте на пат за накај кланица. До душа вие и сте на пат накај кланица – но изборна. Под кланица подразбирам изборен пораз, чист, фер, демократски, и факинг КРЕДИБИЛЕН – како и сите претходни што беа но овој пат ќе биде со печат на чадорот. Поразот ќе биде како резултат на обидот прекутрупа и со лаги да се дојде на власт.

И делумно не е ваша вина драги слободари. Тој што ве поучи, обучи и наоружа – згреши во проценката. Тоа требаше да биде еден бараж од лаги во краток временски период во кој вашите политички противници ќе го загубеа компасот па така разнишани со додатен пуш преку инцидент ( Куманово ) од исполнителните и верни Косовари, процесот ќе беше завршен пред првиот бран бегалци. Одложената слободарска ерекција, овозможи планот да се разводни а во периодот од речиси две години да се демаскираат како мотивите така и играчите во драмолетката која драматургот толку грижливо ја подготвуваше под будното око на чадорот. Дополнително и како капак на се што можеше да ја одложи „неизбежната победа на урбаните слободари“ дојде и кандидатурата а сега веќе и извесната победа на Доналд Трамп на изборите во САД. Би било наивно и неодговорно од моја страна да ве убедувам дека надворешната политика на САД ќе направи салто мортале, дека ќе се сврти за 360 степени и дека пиуните на глобализмот и нивните валкани пари ќе престанат да се мешаат во нашите внатрешни работи.

Но, евентуалната победа на Трамп би значела барем некој краток период на возење во лер на тешката воено пропагандистичка и империјалистичка демократска администрација во САД што за Македонија би значело многу од аспект на можноста по две години да ја крене главата над водата и да земе свеж воздух во своите гради. И додека таа ситуација е пред скоро решавање, на нашите поликолорски урбани слободари им останува да се пикаат во анусите на Павлевци, Љубевци, Цобевци, и слични потрошени луѓе од транзицијата – со цел да го спречат Груевски да победи со 63 + пратеници. Ситуацијата е јасна, Груевски ќе си ора на терен, ќе се мантра со проекти, идеи, планови и тактики. Капацитетот на Заев го знаете сите, но кога пред неколку дена го слушнав како ќе зголемувал субвенции (нели беа штетни и непродуктивни?Фрлени пари?) за земјоделците, ќе давал бесплатни слободни за студентите (најверојатно за да имаат по две?!?! Бидејќи веќе постои таква мерка), рекреативни мерки за пензионерите (бањи?) ми стана јасно дека и на Заев му е јасно дека картата со двојазичноста требаше да ја чува за постизборен адут но….

Сега му останува политичката мимикрија- да се фали и ветува веќе постоечки и реализирани проекти од ВМРО и да шета по земјата ( колку што е во можност ) и по екстериторијализираните парцели ( најкомотно е таму ) во една плацебо кампања која ќе обезбеди средства ( испрани, бели и чисти ) за пролетните локални. Ако политички спаси глава до тогаш. На илјадниците излажани од оваа ПР вежба на урбаните слободари им изразувам најдлабоко сочувство, зошто да го бркаш Павле Трајанов и Кекеновски за во коалиција и да се надеваш дека Слободан Богоевски со „перформанси“ кај блиски соработници на пријателски телевизии ќе ти донесе резултат – мора да си очаен. А се ќе беше поинаку ако времето за сплеткарење и дворски игри, времето поминато со главата во анус во некоја странска амбасада го искористевте за нешто продуктивно.

Но се чини и тоа како и патриотизмот – не ви прилега. Ова мислење со мене го дели и вашиот лидер. Јас ќе сум на штрек и на календарот ќе го заокружувам секој ден до изборите. На народот не му давам совет, тој најдобро си знае што е најмногу во негов интерес. До бакнежот меѓу пеНкалото и ливчето на 11-ти декември кој ќе означи ( се надевам) и крај на една елитистичка импотентна опцијА. Не се опуштајте, Ноември бргу ќе си летне, УДБА го игра својот последен танц и цврсто го фатила СДСМ за појасот. УДБА е All IN и веќе нема што да изгуби – за разлика од нас. Затоа пенкалото цврсто во рака и кон гласачките места !!! Ви посакувам 40 дена бистра глава, здрав разум и вклучен мозок и ве поздравувам со стандардното,
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!
Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичар

Пронајдете не на следниве мрежи: