ПОСНА ПОГАЧА ЗА СЛАВА: Се прави брзо и лесно, а останува свежо и вкусно дури и по неколку дена

Славскиот колач или погача е неизоставен дел од трпезата за слава и покрај тоа што често им задава мака на домакинките бидејќи може да биде комплицирано за спремање. Па, токму затоа, ви претставуваме еден едноставен рецепт за славска погача, која ќе остане свежа неколку дена.Потребни состојки:
– 1 кг брашно (тип 400)
– 4,5 дл вода
– 1 дл масло
– 1 свеж квасец
– 4 лажички шеќер
– 2 лажички сол
Начин на подготовка:
Помешајте ги овие состојки додавајќи ги полека додека тестото не стане меко, а потоа оставете го да нарасне.
Кога доволно ќе нарасне, поделете го на 4 дела – 3 еднакви и еден помал дел.
СЛАВСКА ПЧЕНИЦА: На кој начин се припрема и како им се служи на гостите? – Прочитајте ТУКА
Премачкајте го плехот со масло (можете и со посен маргарин), а потоа наросете брашно во тенок слој и првиот дел од тестото развлечете го колку што е големината на плехот (пожелно е да биде кружен плехот). Центарот на тој дел од тестото намачкајте го со масло.
Следниот дел исто така направете го во големина на плехот, а потоа исечете го на 12 еднакви делови кој ќе ги наредите врз првиот дел едно до друго. Кога тоа ќе го завршите намачкајте ги врвовите на триаголниците со масло (повторно во центарот).
Со третиот дел од тестото направете исто како со вториот дел и наредете ги добиените триаголници точно преку оние од вториот дел.
Врвовите на секој триаголник потоа, преклопете ги до работ на плехот: горниот врв на лева страна, долниот врв на десна страна. Водете сметка прецизно да ви стојат триаголниците еден врз друг , за цветот за време на печењето убаво да се расцвета.
Кога така ќе ги разлистате триаголниците, во средина ќе ви остане празно место  кој ќе го пополните со оној четвртиот помал дел од тестото.
Погачата оставете ја да нарасне еден час, а потоа испечете ја во загреана рерна на 200 СПотребни состојки:
– 1 кг брашно (тип 400)
– 4,5 дл вода
– 1 дл масло
– 1 свеж квасец
– 4

Пронајдете не на следниве мрежи: