Еден од популарните модели на фармерки оваа сезона е boot cut кој опишува широки ногавици, кои соввршено одговараат со високи потпетици и визуелно ги издолжуваат нозете.Фармерките се наједноставно и најефективно парче облека, кое може да се комбинира на безброј начини. Ова тренди парчиња ги обожува Кејт Хадсон, а моделот кој во последно време често се носи се фармерките со boot cut крој, чии ногавици постепено се шират и скоро во потполност ги прекриваат чевлите.
Баш тој ефектен облик на ногавици, максимално ги издолжува нозете и визуелно им додава сантиметри. Интересен детаљ на тренди фармерките е и завршетокот на ногавиците со опшиен раб. Освен тоа што делува ефектно, ваков детаљ е идеален и за високи жени кои тешко можат да најдат фармерки со долги ногавици.
Како да направите ефектни ногавици од фармерки со реси?
– Со паралица или шилеста грицкалка за нокти, полека и прецизно исечете го шевот на ногавиците на фармерките.
– Внимавајте да не го оштетите материјалот.
– Со прсти тргнете ги конците и одмотајте го работ на фармерките.
– Работ на фармерките натопете го малку со вода, а потоа притиснете загреана пегла на внатрешната страна од ногавиците.
– Фармерките исперете ги.
– По првото перење, работ ќе се разреси и ќе го добиете посакуваниот ефект.Фармерките се наједноставно и најефективно парче облека, кое може да се комбинира на безброј начини. Ова тренди парчиња ги обожува Кејт Хадсон, а м