Потребни ви се само 10 минути: Направете чоколадни бомбици со вкус на Фереро Роше

Лесен чоколаден десерт за сите оние кои се зависни од чоколадо и Нутела. Овој десерт е одличен за деновите кога ви се јаде нешто благо, а немате многу време или желба да останете со часови во кујната.Ако не го сметаме времето за ладење, доволни ви се 10 минути во кујна и вашиот десерт веќе е готов.
Потребни состојки:
14 мелени бисквити
25 g експандиран ориз
200 g Нутела
200 g млечно чоколадо за готвење
25 g путер
Начин на подготовка:
1. Сомелете ги или изблендирајте ги бисквитите и ставете ги во подлабок сад.
2. Додадете го експандираниот ориз и Нутелата и убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.
3. Од смесата направете топчести форми кои ќе ги наредите на хартија за печење.
4. Добиените топчиња ставете ги во фрижидер да се изладат 1 час.
5. Ставете го чоколадото во микробранова на два пати по 30 секунди. На крајот додадете го путерот и убаво измешајте.
6. Секое топче потопете во чоколадо и оставете да се изладат еден час.Ако не го сметаме времето за ладење, доволни ви се 10 минути во кујна и вашиот десерт веќе е готов.
Потребни состојки:

Пронајдете не на следниве мрежи: