Потресна приказна за едно мало девојче

Валерија е девојче кое имало навистина тежок живот за кој таа не била виновна.
Нејзината приказна ја раскажува  во својот дневник:
Мојата приказна е полна со невнимание од моите родители. Кога растев мојата мајка никогаш не беше покрај мене, а немав претстава  кој е мојот татко. Пораснав покрај моите браќа. 
Тие секогаш ми наредуваа а доколку  немаше да  ги послушам тие  ме напаѓаа физички.  Тоа траеше долго.  Јас бев девојчето кое е само на светот.  Често ги гледав другите девојчиња , како си играат со своите пријатели и се запрашував себе си : Зошто луѓето не ме сакаат? Се сметав за личност од втор ред и си велев дека луѓето од вториот ред не треба да размислуваат за среќа и пријатели. Мојата мајка секогаш ми се обраќаше со лоши зборови и навреди, кои никогаш нема да ги заборавам. Често седев и плачев со часови бидејќи се чувствував мизерно, а мојата мајка наместо утеха ми велеше:
„Доколку престанеш да плачеш, утре ќе те одведам во трговскиот центар и ќе ти купам што и да посакаш. Но никогаш не сфати- обидувајќи се да ми ја купи среќата ми донесе повеќе тага.  Кога бев петто оделение бев малтретирана од сите „популарни“ девојчиња во училиште. Никој не ме сакаше. Па затоа одлучив да го земам во свои раце ладниот жилет, да го донесам до својата кожа, притоа чувствувајќи се подобро гледајќи како крвта тече од мојата рака. Но навреме спречија да искрварам до смрт.
Во шесто оделение, сите велеа дека сум чудна ме нарекува Емо. Јас многу ги мразев нивните зборови. Најтажно беше тоа што тие не забележуваа колку нивните зборови ме убиваа и ми причинуваа душевна болка. Конечно најдов пријател, на крај излезе дека ми е внука, бидејќи мојот татко бил нејзиниот дедо. Таа за мене беше како дел од мојот рај. За тој Божиќ, нејзиното семејство ме поведе со нив во Канзас, па јас конечно го запознав својот татко. Кога се запознавме бев „ шокирана“ тој беше стар со побелена коса и брада но и многу пијан.
Вечерта ме зема мене и моите две внуки во неговата куќа. Ми покажа една соба во куќата и ми велеше дека ја направил специјално за мене. Не заклучи во куќата и не силуваше. Кога се вратив во куќата на мојата сестра посакав да умрам, им раксажав на сите што ни се случи и тие ми одговорија- „ Душо, тој беше само пијан.“  Бев целосно згрозена. По извесен период отидов во Мексико со мојата мајка, запознав две нови пријателки таму… Тогаш за прв пат се сретнав со хероинот. Земав и за дома. Потоа не можев да си го замислам животот без него. Еден ден се предозирав и моето семејство ме пренело во болница. Па, така и мојата тајна беше откриена. Ме сместија во болница за одвикнување на зависници.  После три недели излегов. Три дена ми беа потребни да се вратам на стариот начин на живот. Повторно пробав да се самоубијам, па повторно ме затворија во болницата за да ме заштитат од самата себе си. 
Никој не сакав да биде како мене, всушност никој не знаеше низ што поминував јас. Премногу му беше тешко а всушност на никој не му беше грижа за тоа. Никој не знае како е да се разбудиш и да одиш во училиште во кое сите те мразат и презираат. Осебено кога си сам, кога немаш никој покрај себе, а осаменоста е твојот најголем страв. Последниот ден пред да го завршам основното училиште, пристигнав порано дома, мојата мајка брзаше да оди до локалната продавница, а мојот татако беше кај нас.
Ми кажа дека има нова работа во нов град. Го запрашав дали тој и мојата мајка ќе бидат повторно заедно, на тоа тој ми одговори со „да“.Бев толку исплашена од помислата тој да биде покрај мене меѓутоа никогаш повеќе не се врати. Подоцна посакав мојата мајка да ме префрли во ново училиште и се да започнам од почеток, тоа и се случи.
Да се биде „нова“ девојка беше малку застрашувачи но остатокот од моето образование го поминав многу полесно. Беше добро што конечно запознав нови пријатели, многу од нив дознаа за моето минато и моите проблеми но не им беше важно моето минато.
Сега сум средношколка за среќа се е подобро, сее чувствувам прифатено, дури и запознав некој посебен. Да не ги запознаев моите сегашни пријатели, немаше да бидам тоа што сум денес. Тие направија да се чувствувам потребна, сакана, убава и едноставно прифатена од околината. Сега мојот живот е прекрасен и буквално живеам за моите пријатели.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Валерија е девојче кое имало навистина тежок живот за кој таа не била виновна.

Пронајдете не на следниве мрежи: