ПРЕСВРТ ВО УКРАИНА: 5.000 украински војници фатени во стапица!

Утрово светските агенции објавија дека бунтовниците извршиле опколување и блокирање на подрачје околу Доњецк со околу 5.000 украински војници, и тоа од редот на најсуровите единици на украинските вооружени сили меѓу кои се наоѓаат странските платеници, како во батаљонот Азов, и неонцистите во Националната гарда.Овој пресврт се должи на целосна промена на стратегијата на проруските бунтовници кои ги напуштија контролните пунктови и одбраната на малите населени места и се прегрупираа во масивни воени единици опремени за дејствија на отворен фронт во широк формат. За тоа време, по соборуваето на десетина украински авиони и хеликоптери, Киев одбегнува употреба на авијација за да не трпи нови соборувања на леталата.
Според денешните информации, опколени и блокирани се 8. корпус на украинската армија, 28. и 30. моторизирана бригада, 95. воздухопловна моторизирана бригада, како и казнените украински батаљони на платеници и неонацисти – Аидар, Азов, Донбас и батаљонот Шахтјор. Со нив, блокирани се и околу 50 тенкови, повеќе од 200 борбени оклопни возила, околу 50 повеќецвни фрлачи на ракети Ураган и Град, како и неколку стотици минофрчаки и други артилериски батерии.

Овие 5.000 украински војници, фатени во стапица, се цел на постојани напади и гранатирање од страна на проруските бунтовници, и препуштени на судбината и добрата воља на бунтовниците. Новата состојба битно ја менува сликата на теренот, како и преговарачката позиција на бунтовниците во новата рунда преговори која почнува токму денес, а со која иницијаторите Германија и Русија се обидуваат да се најде политичко решение: региноите Луганск и Доњецк да останат во составот на Украина, но да добијат федерален статус, а во уставот на Украина да се вгради можност федералните единици како Луганск и Доњецк да имаат правна можност да блокираат влез на Украина во НАТО.

Инаку, и денес украинската војска бомбардирала цивилни области и објекти во Доњцк, а американската агенција АП објавува дека е погодена црква и болница, и има повердени цивили. Информациите за триумфални освојувања на украинската војска, помеѓу останатото и дека пред три дена заземале дел од градот Луганск, се покажаа како нова пропаганда на Киев кога странските новинари влегоа во Луганск заедно со рускиот хуманитарен конвој, и забележаа дека градот и околината се под целосна контрола на проруските сили. Ваквата пропаганда од Киев е се поинтензивна откако околу 700 украински војници дезертираа и преминаа на руската страна на границата. Според податоците објавени од Обединетите нации, до средината на август загинале околу 1.200 украински војници, и околу 2.000 бунтовници и цивили во областите Луганск и Доњецк. Само во Русија досега има околу 400.000 регистрирани бегалци, а уште толку се сметаат за внатершно раселени лица низ Украина.Овој пресврт се должи на целосна промена на стратегијата на проруските бунтовници кои ги напуштија контролните пунктови и одбраната на малите насел

Пронајдете не на следниве мрежи: