Пријателите на папата ги изненадија сите: Згодни девојки, диви забави…

Хуморот и скромноста на папата Францис го направија популарен, по што се здоби со голем број на почитувачи ширум светот.Иако е познато дека папата во младоста водел опуштен живот во Буенос Аирес, двајца мажи одлучиле да прозборат за неговата младост во педесеттите години во Аргентина и да го изненадат Ватикан: за 17-годишната девојка која го украла неговото срце, лудите забави, баровите и носењето женска гардероба.
Училишните пријатели на папата, Оскар Креспо и Алберто Дарезо, велат дека тој во младоста многу сакал да танцува и да излегува.
„Бевме класични тинејџери кои ги сакаа девојките и забавата. Знаеше да искоментира кога ќе поминеше убава девојка покрај нас, но не беше многу нападен“.
Како што велат, отсекогаш било очигледно дека тој сакал да стане свештеник, но тоа не го спречило да ужива во младоста.
„Секогаш беше дел од екипата и правеше сѐ што правевме и ние“.
Сепак, една 17-годишна девојка успеала да му го украде срцето на подиумот за танцување.
„Беше фина девојка, со маслинест тен и темна коса, многу убава. Никогаш не престана да прашува за неа. Таа вечер се запознаа и на првиот состанок отидоа во кино. Тогаш веќе се подготвуваше да стане свештеник, па знаеше дека од таа врска нема да има ништо, но таа беше единствената којашто го доведуваше до лудило“.
Тие двајца раскажале и како изгледале нивните луди забави.
„Забавите беа незаборавни! Една вечер се скри во гардероберот на моите сестри и ја облече нивната гардероба“ – открива Оскар.
„Јас бев Зоро, а тие двајца беа жени. Дури и се нашминкавме. Баш добро се зезавме“.
Оскар вели дека папата и во средните години не го изгубил окото за убавите жени, па така, повеќе пати забележал дека понекогаш знае да му залута погледот кон убаво женско деколте.Иако е познато дека папата во младоста водел опуштен живот во Буенос Аирес, двајца мажи одлучиле да прозборат за неговата младост во педесеттите го

Пронајдете не на следниве мрежи: