Блогерот Кјел-Ола Клејвен, кој пишува за безбедносните прашања во Норвешка, ја прогласи оваа афера како најголемата грешка во поновата историја на земјата. И покрај протестите, норвешката влада не покажа знаци со кои може да ја измени одлуката на своите претходници.Присуството на руските бродови во некогашната тајна норвешка поморска база на НАТО на Арктикот, предизвика загриженост кај поранешните воени челници поради источниот сосед кој се наоѓа во непосредна близина на Норвешка.
За работите да бидат иронични, базата Олавсверн во 2009 година ја затвори левичарската влада на сегашниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Норвешкото арктичко крајбрежје ја врати својата стратешка важност поради напнатоста помеѓу Русија и членките на НАТО сојузот кои досегнаа едно ниво какво што не е забележано уште од распадот на Советскиот Сојуз.
Нестабилните односи доведоа до критизирање на затворањето на поморската база Олавсверн, која претставува масивен комплекс во планините близу градот Тромсе, која е затворена од 2009-тата година. До затворање на оваа база доведе тогаш наизглед намалената опасност од страна на Москва.
Поранешниот норвешки вицеадмирал Еинар Скорген и останатите критичари велат дека Норвешка сама на себе си го одземала пресудното упориште на далечниот север, принудувајќи ги со тоа своите подморници да патуваат стотици дополнителни километри од своите бази како би го одбраниле регионот.
Освен тоа, три руски бродови ја минаа целата зима таму и тоа закотвени длабоко во планинското засолниште, кое некогаш претставуваше строго чувано воено пристаниште.- Ние сме единствена земја покрај Русија која е речиси секогаш присутна во Баренцовото море каде делиме заедничка граница. Очигледно е дека нашата морнарица би требало да биде стационирана токму таму, вклучувајќи ги и нашите подморници, смета Скорген.
Начинот на кој базата го променила сопственикот и завршила во рацете на руските истражувачки бродови, од кои некои се наводно поврзани и со Газпром, дополнително ги налути поранешните воени официјални лица.
Кога била понудена на продажба, и кога ниту еден купувач не се јавил на почетниот оглас, норвешки претприемач во 2013-тата година ја преземал за само 4.6 милиони евра. Новиот сопственик Гунар Вилхелмсен изјавил дека нема повеќе никакви тајни кои ја опкружуваат базата.
Сепак, потенцијалот за руски воени активности на истражувачките бродови загрижи многу воени стручњаци, особено оние поранешните, кои се сè повеќе настроени кон тоа да ги изнесуваат своите мислења.
– Русија е земја во која државата има влијание над сите комерцијални или полудржавни бизниси. Јасно е дека многу малку луѓе знаат што навистина се случува на тие пловила, изјавил пензионираниот вицеадмирал Јан Рекстен.
Тој додава дека продажбата на Олавсверн е двоен губиток бидејќи норвешките вооружени сили изгубиле важна база и сега таму пристапуваат токму руски бродови.
Но, и покрај сето ова, моменталната норвешка влада не покажа никакви знаци дека би можела да ја промени одлуката на своите претходници.Присуството на руските бродови во некогашната тајна норвешка поморска база на НАТО на Арктикот, предизвика загриженост кај поранешните воени челниц



