Продадени 43 локации во Штип од кои 32 за куќи, од лицитацијата приход од 800.000 евра

Вчера се оддржа лицитација од огласот за продажба на градежно земјиште на oпштина Штип.Од понудени 55 градежни парцели, продадени се 43 при што важно е да се напомене дека сите 32 локации кои беа огласени за индивидуални куќи се продадени на вчерашната лицитација.
– Од продажбата на овие 43 парцели остварен е приход од 50,2 милиона денари или над 800.000 евра. Од оваа сума, по уплатата од страна на странките, 80% ќе се слеат во буџетот на општина Штип, а 20% во државниот буџет,  изјави Драган Ристов, советник заодноси со јавност во oпштина Штип.
Освен локациите за куќи, продадени се и една локација за деловен објект, локацијата за хотел кај бања Кежовица која е продадена за околу 3.8 милиона денари, една за бензинска пумпа во Криви Дол и една парцела за лесна и незагадувачка индустрија во населба Балканска.Од понудени 55 градежни парцели, продадени се 43 при што важно е да се напомене дека сите 32 локации кои беа огласени за индивидуални куќи се прода

Пронајдете не на следниве мрежи: