Исус се оженил за Марија Магдалена и имал деца, се тврди во текст стар речиси 1.500 години, кој се појавил во Британската библиотека.Текстот е наречен „Изгубеното евангелие“ и е преведен од јазик што се поврзува со арамејскиот, а на него со години работеле професорот Бери Вилсон и писателот Симча Јакобовици. Во него се тврди дека Марија Магдалена всушност била Девица Марија, но дека таа му била жена, а не мајка.
Нормално, ова не е првпат да се откриваат „нови евангелија“ во кои се тврди дека Исус бил во романтичен однос со Марија Магдалена, а за тоа пишуваа и Никос Казанцакис во „Последното Христово искушение“ и Ден Браун во „Кодот на Да Винчи“.
За овој текст се тврди дека датира од 570 година и дека е напишан на животинска кожа. Во архивите на Британската библиотека се наоѓал во последните 20 години, а таму бил префрлен од Британскиот музеј кој во 1847 година го купил од трговец со артефакти кој тврдел дека го добил од манастирот Света Камарија во Египет.
Другите откритија од текстот, вклучувајќи ги и имињата на децата на Исус, ќе се дознаат на 12 ноември, кога е закажана службената промоција.Текстот е наречен „Изгубеното евангелие“ и е преведен од јазик што се поврзува со арамејскиот, а на него со години работеле професорот