Прошталното писмо на Габриел Маркез

Loading...

Габриел е еден од највлијателните писатели од шпанското говорно подрачје, и е добитник на нобеловата награда за литература во 1982 година. Прочитајте што пишува во неговиот расказ „Проштално писмо“.„Помалку би спиел, а повеќе би сонувал…
Кога Бог само за миг би заборавил дека сум само крпена марионетка, и би ми подарил парче живот, можно би било да не кажам ништо што го мислам, но да го мислам сето она што ќе го кажам. Би ги ценел работите не по тоа колку вредат, туку колку значат. Помалку би спиел, а повеќе би сонувал. Сфатив дека во секоја минута кој ја поминувам со затворени очи, губам шеесет секунди светлина. Би одел додека другите стојат, би бил буден додека другите спијат. Би ги слушал другите како зборуваат, и би уживал во сладолед од чоколада.
Кога Бог би ми подарил парче живот, би се облекувал едноставно, би се спружил под сонцето, отварајќи го не само телото, туку и душата. Ох Гсподе, кога само би имал срце, би ја испишувал мојата омраза на мразот, и би чекал сонцето да изгрее. Би насликал со сонот на Ван Гог на ѕвездите една поема од Бенедит, а песната на Серат би ја подарил како серенада во чаша од ткаенина. Би ги наводенувал розите со солзи, за да го почувствувам нивниот бодеж, и би го почувствувал страствениот бакнеж на нивните ливчиња. Ох Боже, кога само би имал парче живот…

 
Не би дозволил ден да помине без да им кажам на саканите дека ги сакам. Би ги уверувал секоја жена и секој маж дека ми се најблиски и би живеел заљубен во љубовта. Би им докажал на луѓето колку грешат кога мислат дека престануваат да се заљубуваар кога ќе остарат, а не знаат дека остареле кога престанале да љубат. На децата би им дарил крила, но би ги оставил сами да научат да летаат. Старите би ги учел дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавот. Толку многу работи научив од вас, луѓе мои…
Научив дека сиот свет сака да живее на врвот на планината, а не знае дека вистинската среќа лежи во начинот на кој ги совладуваме стрмнините. Сфатив дека кога новороденчето за прв пат со својата малечка дланка ќе го стегне татковиот прст, го држи засекогаш. Научив дека еден човек треба другиот да го гледа одозгора само кога треба да му помогне да се исправи. Толку многу научив од вас, но од каква полза ми е тоа, бидејќи гоа во оној сандак ќе ме спакуваат, тогаш ќе почнам да умирам…“„Помалку би спиел, а повеќе би сонувал…
Кога Бог само за миг би заборавил дека сум само крпена марионетка, и би ми подарил парче жи

loading...
Loading...