Путер колачиња со лимон

Денес направете си превкусни путер колачиња со лимон и изненадете ги најблиските!ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: (за околу 30 колачиња):
* 220 г путер
* 120 г шеќер
* 1 поголемо јајце
* 2 лажички кора од лимон
* 1 лажичка сок од лимон
* 300 г брашно
* Шеќер во прав за декорација (опционално)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180˚C
Со миксер изматете го путерот со шеќерот, додека не добиете пенеста смеса. Потоа додадете го јајцето, кората од лимон и лимоновиот сок. Откако ќе добиете компактна смеса, постепено додавајте го и брашното за да не добиете грутки.
Ставете хартија за печење на плехот и направете мали топчиња со вашите раце.
Направете шара и малку израмнете ги колачињата со едноставно притиснување со вилушка.
Печете ги 15 минути додека не добијат златеста боја.
Откако ќе се оладат декорирајте ги со шеќер во прав или пак со некое ситно овошје, како јаготки или малини.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: (за околу 30 колачиња):
* 220 г путер
* 120 г шеќер
* 1 поголемо јајце
* 2

Пронајдете не на следниве мрежи: