Работи за сексот кои требало да ги знаете уште од многу поодамна!

Колку и да сме отворени, некои теми за сексот сепак остануваат неискажани. Затоа денеска се соочуваме со фактот дека премногу жени глумат оргазам и го пропуштаат вистинското задоволство во сексот, еден дел заради тоа што никој не им кажал – дека е сосема во ред да бараат од партнерот да се потруди! Друг пример е чувството на вина заради бројот на партнери или сексуалната желба која е појака од онаа на партнерот ( а кој рече дека жените не можат да сакаат многу секс?)
Сексолозите ги прашале жените што би сакале некој да им кажал пред да ја изгубат невиноста и еве кои ставки се издвоиле:
* Можеби и вие ќе имате поголема желба за секс од партнерот и тоа е сосема во ред.
* Можете да спиете со колку мажи сакате.
* Жените можат да уживаат во сексот подеднакво како и мажите, што значи дека е во ред да барате малку негов труд и свој оргазам.
* Сексот е најубав со личноста која ја сакате.
* Сексот не изгледа ни приближно како оној што го гледате во филмовите.
* Не сте помалку вредни како личност ако некој не сака да има секс со вас. Исто така не сте помалку вредни доколку одбивате секс.
* Истражете што е она што ве возбудува и немојте да се плашите да го барате тоа од партнерот.
* Ако сте кажале “не” тоа не ве направило помалку секси.
* Најдобриот секс е обострано давање.
* Истражувањата покажале дека помеѓу 50 и 75% од жените мораат да го стимулираат клиторисот за да постигнат оргазам.
* Одличен секс не е исто што и голема љубов.
* Како и за се останато, и за секс е потребна пракса. Сексуалната вештина не е нешто со што луѓето се раѓаат.
* Да, сексот може да биде и многу непријатен.
* Вашиот прв вагинален оргазам не мора задолжително да биде на дваесет години.Затоа денеска се соочуваме со фактот дека премногу жени глумат оргазам и го пропуштаат вистинското задоволство во сексот, еден дел заради тоа што н

Пронајдете не на следниве мрежи: