Работилница за тренери T4T за студенти и членови на EESTEC

Од 20 до 30 октомври ќе се одржи работилница која нуди обучување на идни тренери во рамките на настанот T4T ( Trainers for Training). Станува збор за интернационален настан каде ќе учествуваат студенти по електротехника и компјутерски науки – членови на студентската невладина организација EESTEC (Electrical Engineering Student’s European Association) од цела Европа.
Првите пет денови тренингот ќе се одржува во Охрид, а втората половина се сели во Скопје. Целта на тренингот за тренери е учесниците преку интензивни тренинзи да ги развијат своите лидерски, комуникациски и презентациски вештини. Тие треба да научат кои методологии да ги користат и како да го пренесат знаењето кое го имаат, односно да можат без проблем да држат тренинзи на различни теми.
„Ова е едукативен настан кој кај заспаните ги пробудува нивните тренерски способности, а кај оние другите, кои се свесни за нив, ги издигнува на уште повисоко ниво. Или како што би се рекло, „Еден ден тие учат од тебе, а веќе следниот те учат тебе”. Останува да видиме дали нашите амбициозни ученици е ги надминат сопствените граници и ќе станат подобри од своите тренери”, се вели во соопштението од EESTEC.
На Т4Т ќе учествуваат 6 тренери од интернационалниот тренинг тим на EESTEC, кои имаат одржано голем број работилници низ Европа.Станува збор за интернационален настан каде ќе учествуваат студенти по електротехника и компјутерски науки – членови на студентската

Пронајдете не на следниве мрежи: