Разговорите меѓу политичките партии продолжуваат денеска

Разговорите меѓу политичките партии треба да продолжат денеска откако  вчера повторно не беше постигнат договор.Разговорите за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за техничката влада која што ќе ги спроведува изборите вчера траеја два часа.
Пред почетокот на средбата изјави за медиумите дадоа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ и Артан Груби од ДУИ.
Тодоров и Шеќеринска ги повторија веќе изнесените ставови во врска со прашањата за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, но не сакаа да соопштат кои се новите идеи што произлегле на вчерашната средба, според тврдењата на амбасадорот на САД Џес Бејли.
Груби, пак, од ДУИ рече дека е оптимист оти разговорите може да завршат уште денеска или утре доколку македонските партии ги надминат разликите бидејќи тие биле минимални. Доколку се постигне договор сега, според него, избори би можеле да се одржат на 11 декември.
На средбата присуствуваат и Имер Алиу од ДПА, амбасадорот на САД Џес Бејли и претставник на мисијата на ЕУ во отсуство на амбасадорот Аиво Орав.Разговорите за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за техничката влада која што ќе ги спроведува изборите вчера траеја два часа.

Пронајдете не на следниве мрежи: