РАЗМИСЛЕТЕ ДОБРО И ОДГОВОРЕТЕ: На што ве потсетуваат овие слики?

Роршаховиот тест со дамки претставува еден од најпознатите и најконтроверзните тестови во историјата на психологијата и психоанализата.Оваа проективна техника покажува многу нешта. Со една реченица, може да ги открие тајните на вашата душа. Швајцарскиот психијатар Херман Роршах, со капка по капка мастило на хартија формирал симетрични, но недефинирани форми и истите ги покажувал на своите пациенти. Тестот открил многу нешта за карактерот на пациентите.
Тестирајте се и вие и откријте на кој начин се соочувате со емоциите, на каков начин ја доживувате средината околу вас и каква е вашата врска со другите луѓе.
Насловната фотографија ги претставува врските со другите луѓе. Погледнете добро и кажете што гледате:
Две личности кои се бакнуваат
Вие сте филантроп. Вистинска социјална личност која ужива на времето кое го поминува со луѓето, особено со пријателите. Имате доверба во своето окружување и лесно може да комуницирате со непознати. По природа сте оптимист и креативен тип.
Животни
На кои животни ве потсетува овој цртеж? Со што го поврзувате во животот? Ако гледате диво животно кое се бори со други, можеби тајно немате доверба во луѓето околу вас. Откријте од каде доаѓа вашиот страв.
Црн чад
Што ви зборува овој концепт? Со што точно го асоцирате? Дали ве потсетува на цигарите кои страсно ги пушите? Или можеби на вознемирувачки оган кој ве уништува? Каков и да е вашиот одговор, вие имате проблем да ги контролирате внатрешните емоции и тешко се справувате со нив. Обидете се да ја пронајдете рамнотежата.

Крилја
За некои луѓе тоа е симбол на злото, додека за други претставува слобода. Ако гледате крилја на лилјак кој ве потсетува на вампир, откријте од што точно се чувствувате исцрпено и исплашено.
Две личности
Во вас има две различни личности, кои меѓусебно се натпреваруваат. Оваа противречност ја носиме сите во себе, но кај некои е значително изразена.
Пеперутка
Што е за вас пеперутката? Дали е симбол на нежност или прикажување на слободниот дух? Пеперутката симболизира трансформација, но и социјален живот. Ако оваа слика ве потсетува на пеперутка со раширени крилја, најверојатно сте особено социјална личност која има бројни пријатели.
Ангел
Ангелот е симбол на заштита, душа и невиност. Вие всушност буквално се обраќате кон ангелите за помош кога сте под голем стрес и напнатост.
Оваа слика го претставува односот со татко ви

Пајажина
Какви се вашите чувства и претставите за пајаците и нивните мрежи? Дали чувствувате презир и страв? Или пак во потполност се восхитувате на овие суштества? Пајажината меѓу другото значи и сложени односи, врз кои треба многу да се работи. Сетете се: кога последен пат зборувавте со својот татко?
Був
Размислете за она што ве потсетува оваа птица? За некои народи бувот е симбол на мудроста, додека за други нерешлива мистерија. Анализирајте што значи овој симбол за вас и обидете се да ги средите односите што ги имате со својот татко.
Бумбар
Многу луѓе се плашат од инсектите, особено од пчели. Какви емоции предизвикува оваа слика кај вас? Со анализата на чувствата кои ги доживувате додека ја гледате оваа слика, може да се открие какви се чувствата кон татко ви.
Рак
Додека некои луѓе ракот ги потсетува на морето и годишните одмори, за другите истиот претставува олицетворение на опасноста. Како се чувствувате вие? Ракот исто така може да биде и симбол на стравопочит, емоција, која често ја криете од своите родители.Оваа проективна техника покажува многу нешта. Со една реченица, може да ги открие тајните на вашата душа. Швајцарскиот психијатар Херман Роршах, со

Пронајдете не на следниве мрежи: