Реакција на изјавата на Благој Бочварски во врска со железничкиот сообраќај

Министерството за транспорт и врски најостро реагира на обидот за манипулација на Благоја Бочварски од СДСМ околу состојбата во железничкиот сообраќај.СДСМ грубо манипулираат со факти кои се меѓусебно неспоредливи поради разликата во мерливоста на показателите кои се употребени.Ова СДСМ го прави затоа што кога е во прашање железницата нема ниту основан аргумент за напад на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ниту нешто од свое време со што ќе се пофали.
СДСМ избрка стотици луѓе од работа во железницата, не вложи ниту денар во набавка на нови локомотиви, патнички и товарни вагони, а како спомен на своето владеење ги остави бетонските столбови од никогаш изградената пруга кон Бугарија. Истовремено СДСМ добро знае дека овие неколку години се историски во вложувањата во железничкиот сообраќај и инфраструктура, па токму затоа во предизборниот период жолчно се обидува да ја манипулира јавноста.
Еве малку фактографија која СДСМ колку и да сака не може да ја негира. Се обновува возниот парк и набавени се 150 вагони од различни типови за товарен превоз со вкпуна инвестиција од 15 милиони евра, како и 6 нови патнички возови од кои 4 се дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни гарнитури со вкупна инвестиција од 25 милиони евра. Во тек е уште една набавка, а која треба да обезбеди 3 нови локомотиви во вредност од 7 милиони евра,
Дел од инвестициите во железницата во овој циклус се и седните: реконструирана е железничката делница Табановце-Куманово во должина од 12 километри и Миравци-Смоквица исто така во должина од 12 километри, во инвестиција вредна 7 милиони евра. Во тек е реконструкција на делницата Ногаевци-Неготино од 30 километри и вредност од 9,4 милиони евра, исто како и изградбата на пругата кон Бугарија, конкретно делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар и вредност од 39 милиони евра. Во тек на тендерска постапка е втората делница кон Бугарија од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства од 147 милиони евра. Во тек е и проектирањето нова пруга кон Албанија од Кичево до Лин во должина од 63 километри.
Завршена е реконструкцијата на Железничката станица во Скопје во вредност од 2,6 милиони евра и во тек е реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10 меѓу кои Велес, Демир Капија, Градско, Прилеп, Табановце, Неготино, Битола, Гевгелија, Богомила и Чашка во инвестиција од 1,9 милиони евра која ќе се заврши во 2016 година.
Оваа Влада за прв пат воведе бесплатни билети за студентите и пензионерите со цел да им го доближи железничкиот превоз како најевтин транспорт.
Ова е само еден дел од проектите што се реализираат во железничкиот сообраќај и инфраструктура. Намерно или во рамките на манипулативниот наратив, СДСМ заборави да спомене дека во цела Европа и кај најголемите железничи компании има намалување во товарниот и во патничкиот сообраќај.
Доколку ова е ненамерна грешка, СДСМ може да зборува за нешто што познава, па корисно за граѓаните би било да направат споредба и да одговорат колку километри пруги СДСМ рехабилитираше додека беше на власт, кoлку километри нова железничка инфраструктура изгради, колку вагони и возови купи за да можат граѓаните безбедно да патуваат и компаниите навремено,безбедно и точно да ги оперираат своите набавки? Колку железнички станици реконструираше и колку луѓе од Железница оставивте на улица без работа СДСМ?
Само со споредба на мерливи податоци кои не се подложни на манипулација може јавноста да биде објективно информирана и да го искаже својот суд. СДСМ грубо манипулираат со факти кои се меѓусебно неспоредливи поради разликата во мерливоста на показателите кои се употребени.Ова СДСМ го прави з

Пронајдете не на следниве мрежи: