РЕЦЕПТ: ДОМАШНО МАЧМАЛОУ

Го сакате мачмалоуто? Пробајте ја оваа одлична домашна варијанта и восхитете ги вашите најмили!Потребни состојки за бисквит:
 6 жолчки
10 рамни лажици шеќер
6 полни лажици брашно
3 лажици какао
1 ванилин шеќер
½ печиво
200 мл млеко
100 мл масло
 Потребни состојки за фил:
 20 лажици шеќер (10+10)
6 белки
1 ванилин шеќер
4 лажици ладна вода
Потребни состојки за глазура:
 150 г чоколадо
5 лажици масло
5 лажици вода
 Постапка:
 Чекор 1:
 Жолчките изматете ги со шеќерот, па додадете: ванилин шеќер, млеко и масло, па со миксерот сето убаво изматете го.
 Во брашното додадете го печивото и измешајте. Брашното и какаото додадете ги во смесата со јајцата, па измешајте внимателно со лажица (не со миксер!).
 Чекор 2
 Смесата за бисквит излејте ја во плех обложен со хартија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
 Додека се пече бисквитот, со миксер изматете ги белките додека да добиете цврст снег. Кога ќе го превртите снегот од белки, не треба да паѓа од садот.
 Додадете 10 лажици шеќер и ванилин шеќер, па продолжете со матење.
Чекор 3
 Во еден сад ставете 10 лажици шеќер и 4 лажици вода, па направете шербет (ставете на оган додека да зоврие и почне да пени, па кога ќе се згусне како сируп, тргнете од оган).
 Добиениот шербет постепено додавајте го во снегот од белки со постојано матење.
 Чекор 4
 Смесата распоредете ја по кората и вратете уште 10 минути во рерна, но температурата намалете ја на 12 степени.
 Глазурата направете ја со загревање на тивка температура, од чоколадо, масло и вода. Прелијте.
 Мачмалоуто веднаш исечете го на коцки и оставете го да се излади.Потребни состојки за бисквит:
 6 жолчки
10 рамни лажици шеќер
6 полни лажици брашно
3 лажици какао
1 в

Пронајдете не на следниве мрежи: