Рецепт за домашен тонус леб

Подгответе си  домашен тонус леб, без адитиви Состојки:
300 г зрна пченица
100 г овесни снегулки
2 лажици сусам
2 лажици лупен сончоглед
2 лажици ленено семе
1 лажичка сол
1 коцка свеж квасец
Подготовка:
Зрната пченица се накиснуваат во вода 3 дена, а повремено се плакнат и се менува водата.
После три дена ги процедуваме, зрната ги блендираме, па ги додаваме и снегулките кои претходно беа малку натопени во вода и исцедени, па заедно се миксаат.
Се добива смеса слична на тесто. Додаваме сусам, лен, сончоглед, сол и квасецот растворен во многу малку вода – 50 мл.
Промешуваме со лажица и оставаме тестото да надојде. Откако ќе стаса смесата ја промешуваме пак со лажица и ја истураме во калап обложен со хартија за печење.
Се остава да отстои уште половина час, па се пече на 200 степени околу еден час. Оставете убаво да изврие внатре.Состојки:
300 г зрна пченица
100 г овесни снегулки
2 лажици сусам
2 лажици лупен сончоглед

Пронајдете не на следниве мрежи: