Рецепт за класични принцес крофни!

Кој еднаш ќе го проба овој рецепт за принцес крофни, не го менуваСостојки:
6 јајца
150гр маргарин или путер
150гр меко брашно
250мл вода
За фил:
 Литар млеко
6 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици брашно или 2 пудинга од ванила
Подготовка:
Путерот или маргаринот ставете го во ладната вода, а потоа на тивок оган да проврие. Штом ќе проврие додадете го брашното, интензивно мешајќи и брзо тргнете го од оган да не зоврие. Во меѓувреме изматете 6 јајца посебно белките посебно жолтките. Кога добро ќе ги изматите спојте ги  и додадете ги во се уште топлото тесто. Добро измешајте. Масата е доволна за точно 40 крофни. Со лажица или готварска кеса  во тавче обложено со хартија за печење обликувајте мали крофни, но внимавајте да не бидат премногу блиску едно до друго бидејќи наруснуваат.
Изматете ги јајцата, шеќерот и пудинзите во 100мл млеко. Посебно сварете 900мл млеко и во него полека мешајќи, додадете ja претходно измешаната маса. Варете го филот да се згусне. Оладените крофни филувајте ги по средина со оладениот фил. Одозгора можете да ги прелиете со чоколадо или со шеќер во прав.Состојки:
6 јајца
150гр маргарин или путер
150гр меко брашно
250мл вода
За фил:

Пронајдете не на следниве мрежи: