Рецепт за најчоколадната торта

За некои луѓе тортата не е торта ако не е чоколадна. Ви ја претставуваме најчоколадната торта.Состојки:
За кора:
– 2 јајца
– 2 лажици брашно
– 2 лажици шеќер
– 2 лажици какао
– ½ вреќичка прашак за пециво
За фил:
– 2 чоколадни пудинга
– 400 мл млеко
– 400 мл слатка павлака
– 150 г. млечна чоколада
– 6 лажици шеќер
За прелив:
– 1 дл слатка павлака
– 100 г. млечна чоколада
Подготовка:
Јајцата и шеќерот изматете ги, додадете брашно измешано со прашок за пециво и на крај лажица какао.
Смесата ставете ја во намачкан плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Проверите со чепкалка дали кората е печена.
Печената кора извадете ја од рерна и кога ќе се олади малку прелијте ја со чоколадно млеко, и оставете ја да се стврдне. Пудингот згответе го со шеќер и млеко на вообичаен начин и оставете го да се олади. Слатката павлака изматете ја и помешајте ја со оладениот пудин и се измиксајте со миксер.
50г чоколадо изрендајте ги и измешајте ги во фил. 100 г. чоколадо стопете ги и полека ставајте во филот додека мешате со миксер се додека убаво не се соедини. Смесата ставете ја врз испечената кора и рамномерно распоредете ја.
Чоколадот и павлаката ставете ги во тава на лесен оган, и гответе мешајќи додека чоколадото не се стопи. Тргнете го од оганот и оставете малку да се олади а потоа ставете го преку тортата. Оставете ја тортата да се стегне неколку саати. Потоа тргнете го обрачот, сечете и послужете.Состојки:
За кора:
– 2 јајца
– 2 лажици брашно
– 2 лажици

Пронајдете не на следниве мрежи: