Богатиот наследник последен пат е виден на 19-ти ноември 1961 година кај морето на Нова Гвинеа.Исчезнувањето на Мајкл Рокфелер, милијардерот од познато американско семејство, е една од најголемите мистерии на 20-от век.
Богатиот наследник последен пат бил виден на 19 ноември 1961 година покрај морето во близина на Папуа Нова Гвинеја, кога во друштво на холандскиот антрополог Рене Васинг заглавиле во морето откако нивното кану се превртело.
Несреќните мажи два дена чекале помош и кога виделе дека таа нема да дојде,одлучиле да пливаат до брегот. Се проценува дека од копното биле оддалечени 19 километри. Васинг ја дочекал спасувачката екипа, додека Рокфелер исчезнал.
Властите неуспешно го барале со денови, а наскоро и официјално објавија дека младиот авантурист се удавил. Постојат различни теории за неговата смрт, а една од нив гласи дека Мајкл успеал да доплива до брегот, но таму бил пречекан од страна на домородци и – го изеле.
Меѓутоа, со која било од овие теории не се согласува Фрејзер Хестон, син на познатиот актер Чарлстон, кој во својот нов документарен филм ја објави некогаш видената снимка од 1969 година на која локалните домородци во друштво на еден бел човек тргнуваат во воен поход.
Белиот човек на себе ја носи воената боја, целосно гол и запуштен, и весла заедно со канибали. Всушност невозможно е да се открие за кој всушност се работи, но ловците на мистерии се речиси сигурни – на снимката е Мајкл Рокфелер.
Можеби и одговор на целата приказна ќе даде само документарниот филм “Во потрага по Мајкл Рокфелер”.
Исчезнувањето на Мајкл Рокфелер, милијардерот од познато американско семејство, е една од најголемите мистерии на 20-от век.
Богатиот насле