РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОДМОР

Loading...

Лето 2016. Јули. Скопје. Прва асоцијација што ми доаѓа е хаштагот #НеСеДише, штета што ја нема повеќе таа апликацијата од зимоска кога моите драги сограѓани „се бореа за воздух“. Дрва или никој не сече повеќе или нема кој да види зошто „револуционерната гарда“ сигурно некаде го сонча газот покрај голема водена површина. И тие што се тука, дрвата не ги интересираат толку. Жешко е брату, клима дома или Кампари росо у Броз. Револуцијата на стенд бај, Македонски производ, со сонценце. Одеднаш има се. И правда и мир, и воздух, и пари ( граничен премин Богородица како доказ ), по социјалните мрежи се пишува за љубов, лето, се кажуваат финти, луѓето се весели и се дружат. Па КАКВА Е ОВАА СИТУАЦИЈА? Што се случи? Летото, комуњарскиот криптонит, си ја зеде годишната доза. Пленумци, шарени, социјални демократи, протестирачи, фарбачи и други винтиџ незадоволници од се и сешто- исчезнаа од Македонија. Не сум проверил но секако и во Сирија се на одмор нели? И во Либерија? Па и од Руанда слушам многу луѓе се чекирале во Грција? Не? Чудна работа. Нешто не ми штима тука. Па не е можно од сите револуции на планетава само нашава да прави пауза? Можно е пријатели, можно. 10 години сме сведоци на тоа. Едни исти луѓе, цирка 200 души напатени, гарант пијат од напивката на Доктор Џекил и се трансформираат од пленумци во протестој, од протестој во шарени, од шарени во црвени кмери….. И така, со Че Гевара на маица, со куртон со боја во рака и Бела чао во уши, шетај по Скопје и гнаси го. Зошто? Зошто им се може ! Зошто никој не ги чепка иако многумина ставаат рецки на секоја нивна дневна глупост. Кога доаѓа лето, перформансот логично се сели на поексклузивни места. Скопје е толку аут за револуционери во лето. Кој знае дали со нозете во песок и погледот кон морската шир, креваат едно пиво во име на Мартин? Дали на некоја пена парти или во некој клуб во раните утрински часови, погледнуваат во сметката со многу нули и се прашуваат колку Тамари чини нивниот „заслужен“ револуционерен одмор? Дали посакуваат спонтано да разубават некоја зграда или објект во Лондон, Брисел, Париз или Прага? Кој би знаел. Дали на своите авантури по Европа и светот носат барем еден чифт чевли плус во случај да налетаат на еден од 600.000 одселени млади кои заминаа боси во подобар живот? Се сомневам. Но едно  е добро. Нема да гњават и малттретираат барем некое време. Здравје наесен кога ќе стигне новата транша свежи доларчиња, ќе видиме што ќе им текне. Можеби овој пат ќе ги искористат да нахранат гладни? Или да направат една барака за бездомни? Мможеби ќе донираат нешто во болница или во дом за деца без родители? Познавајќи ги интелектуално хуманистичките капацитети на оваа профит групировка која се плаши од работа како ѓавол од крст, се сомневам, но ништо не чини да се надевам нели? Има и такви кои се надеваат пак дека нашето мило СЈО ќе одреди мерка притвор за некој поган пензионер кој бесрамно се вози во ЈСП секој ден од наши пари и дека случајот ќе се вика ТРАНСПОРТЕР reloaded, чисто да се задржи тензија. Во меѓувреме, ние „криминалците“ ќе шпартаме со страв по Скопје и ќе се вртиме на сите страни, кој знае од кој агол може да ти излезе Нора Шаќири да те плукне или Љуми да ти се дере во фаца. Надежта е дека и тие се на одмор но, никогаш не се знае. И Лидето Димова може да излезе од некое ќоше и да те прегази со комбе или да скока на тебе ако види дел од програмата на ВМРО персонифицирана преку твојата става, лик и дело. Пазете се и од Петрит да не излезе од некаде со некој сталак за камера и да сака да ве демократизира или од некој шарен да не ве исфарба. Иако можноста за ова да се случи во Скопје во лето е многу мала, сепак отворете очи.
       Чесен човек обожува лето. Цела година работа се еманира во 10, 15, 20 дена концентрирано уживање во плодовите од сопственитот труд. Се опуштаме дома, на море, езеро,планина, кај баба на село или кај вујче во америка. Или едноставно одмараме, гледаме филмови, уживаме во топлите вечери со пријателите….. Секој според сопствените афинитети и можности. Летото од сега ќе го сакам и со една причина плус. Сонцето, таа парадигма на Македонскиот непокор, најуспешно ја топи шминката од злобните лица на квазидемократите, квазиреволуционерите, квазихуманистите и останатите токсични сорти кои ни го загадуваат животот и загорчуваат секојдневието. Сончевите топли зраци ги бркаат овие наводно загрижени за нас луѓе од нашето секојдневие а со нив патува и нивниот гнев. Остануваат како подсетници нивни снимки и статуси на социјални мрежи, како сведоци на лагите во кои се обидуваа да не натераат да веруваме, останува тука нивната некултура, дисплеј на нивниот варваризам и пореметен ум по Скопските фасади. Но кога тие физички не се тука, се е поинаку. Точно се гледа каква би била државата без нив и нивните демократски „перформанси“. Убава слика е тоа. Да појдеме и ние нормалните некаде, да се одмориме, наполниме батерии и да ги врежеме во нашите мемории сите срања што ни ги приредија овие креатури во изминативе месеци. Тоа и паралелно сликата на нашите градови и села, нашата мила Македонија, мирна, спокојна и раздрагана во ЛЕТО. Тие две слики меморирајте ги, сејвувајте ги на ачик место во вашите мозоци и фајлот крстете  го „Парламентарни избори“ !
Ќе ви биде од голема помож при изборот кога ќе треба да решите каква Македонија сакате за вас и вашите блиски во иднина. Не морам да ве убедувам, сликите ќе ви го покажат патот.
До тогаш,
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Алекс Ванко
Филозоф,писател,аналитичар Пленумци, ша

loading...