Ристевски: Да го потсетиме Жерновски на само дел од проектите што ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар

Да го потсетиме Андреј Жерновски на само дел од проектите што ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.Изградени се 5 катни гаражи, изграден е нов плоштад Мајка Тереза, изградена е Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот Крст. Во соработка со Град Скопје реконструирани и проширени се булеварите Илинден, Климент Охридски, Теодосиј Гологанов заедно со кружниот тек, изграден е булеварот Јордан Мијалков. Извршена е санација на основните училишта Кирил и Методиј, Песталоци, Димитар Миладинов, Кочо Рацин.
Изградени се спортски сали во училиштата 11-ти октомври и во рамките на Факултетот за физичка култура, а во тек на градба се салата во Св. Кирил и Методиј, како и во Домот за деца без родители 11-ти октомври во Капиштец.
Во финална фаза е проектот Скопје 2014 година.  
Инвестициите во споменици не беа со пари од буџетот на Општина Центар. Владата ги обезбеди парите од централниот буџет. Жерновски бесрамно лаже дека Општината трошела пари за споменици. Општината само ги инвестираше парите во намена која ја определи Владата, бидејќи таа ги обезбеди парите.
Жерновски ја злоупотребува својата позиција и доверба од граѓаните со сомнителни зделки и огромни суми пари за уредување и поплочување на една улица и тоа не може да се оправда или релативизира ако некој помине на таа улица. Криминалот не се анулира и дефокусира со такви евтини трикови.
Факт е дека Жерновски потроши огромна сума пари, дури 2.629 евра за секој еден метар како тоа да се златни плочки, а не поплочен бехатон. Жерновски не може и не смее да избега од сериозниот сомнеж за криминал и корупција за овој случај затоа што граѓаните поминувале низ таа улица, која впрочем постоеше и претходно, а всушност и тоа и е намената како и на секоја друга улица.
Жерновски за целиот свој мандат ќе биде запамтен по тоа што изградил само 2 улици од по 200-300 метри и за нив потроши над 1.2 милиони евра. Жерновски за целиот свој мандат не успеа да изгради ниту едно училиште, кое заедно со градинката беше однапред подготвено се, од претходниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат ја спреми целата постапка за реализација на градинката и училиштето, го измени ДУП-от, обезбеди буџет за реализација на истите проекти. Му остави на тацна буквално готови проекти на Жерновски, а тој не успеа ниту да ги реализира. Дури и буџетот за едниот проект го пренамени и одложи, па така граѓаните на Центар и после 3 ипол години мандат на Жерновски не видоа маалско училиште.Изградени се 5 катни гаражи, изграден е нов плоштад Мајка Тереза, изградена е Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот Крст. Во сораб

Пронајдете не на следниве мрежи: