Роверот Curiosity со дупчење зема примероци од површината на Марс

 Вселенскиот ровер Curiosity првпат издупчил дупка во површината на Марс за да открие дали на планетата во Сончевиот систем која е најслична на Земјата некогаш постоеле услови за живот на микроорганизми, објави американската агенција за вселенски истражувања NASA.На фотографиите испратени до центарот на Земјата се гледа дупка со широчина од 1,6 сантиметри и длабочина од 6,4 сантиметри во карпа за која научниците претпоставуваат дека некогаш била во контакт со вода.Американската роботизирана лабораторија слета на Марс на 6-ти август 2012 година и на „Црвената планета“ треба да биде во функција две години. На Curiosity се инсталирани десет високо софистицирани научни инструменти со вкупна тежина од 75 килограми, со коишто роверот ќе врши детални геолошки и геохемички студии, ќе ја проучува атмосферата и климата на планетата, ќе се обиде да најде траги од вода и траги од органски материи за да се дознае дали Марс некогаш бил погоден за живот, и постои ли на него место на коешто е возможен живот сега.Досегашните сонди коишто беа спуштани на површината на Марс имаа функции за собирање примероци од површината на планетата, но не и за дупчење и земање примероци од длабочина или од внатрешноста на карпите.
Макфакс Вселенскиот ровер Curiosity првпат издупчил дупка во површината на Марс за да открие дали на планетата во Сончевиот систем која е најсл

Пронајдете не на следниве мрежи: