„Токму таа инсталација ја предизвика Тунгунската експлозија во 1908 година, а нејзина задача е да ги уништува кометите и астероидите кои одат во насока кон нашата планета“, вели проф. Валериј Уваров.„Во Сибир постои стара изградена инсталација која ги уништува небесните тела кои би можеле да ја загрозат Земјата, а не се знае кој точно ја има изградено“, изјави д-р Валериј Уваров од Академијата на науки и техничка и национална безбедност во Санкт Петерсбург, за британско списание кое е специјализирано за НЛО.
Уваров вели дека не постои сомнение дека не сме сами во вселената и дека едно од основните прашања со кои се занимаваат неговите луѓе е какви се интересите на вонземјаните на Земјата. Токму затоа, неговиот тим соработува со НАСА.
Во интервјуто со Грејем Бирдсол, кој е уредник на британското списание „НЛО магазин“, Уваров вели дека сега знае дека познатата Тунгунска експлозија во 1908 година, всушност било уништување на метеор со проектил.
„Проектилот беше лансиран од материјална инсталација. Не знаеме кој ја има создадено, но изградена е пред многу, многу време и е поставена во Сибир, неколку стотини километри северно од Тунгузија. Можам само да ви кажам дека нашата истрага утврди дека повеќе експлозии се случиле во Тунгузија. Оваа инсталација последниот пат уништи метеор на 24-25 септември минатата година. Дури и Американците, кои имаат три бази, ја регистрирале таа експлозија“, вели тој.
Југоисточно од инсталацијата се наоѓа Бајклаското Езеро и Уваров додаде дека постои силна поврзаност помеѓу инсталацијата и таканаречената Планета Икс.
„Знаеме дека таа планета и инсталацијата во Сибир се блиско поврзани. Таа ја одржува планетата во стабилна орбита. Кога планетата би се поместила или би ја сменила орбитата, целиот соларен систем би станал нестабилен. Ние од академијата сме убедени дека таа планета е населена и дека инсталацијата е создадена за да ги штити нив и нас. Си имаме работа со технологија која е далеку понапредна од нашата“, наведе рускиот научник.
„Нашите истражувања покажуваат дека Земјата поседува пулс на фреквенција која влијае на сите живи суштества. Таа пред околу 12.500 години се поклопувала со староегипетскиот календар од 360 дена, но тогаш требаше Земјата да ја погоди астероид. Веруваме дека Земјината орбита во тоа време беше вештачки поместена подалеку од Сонцето, па фреквенцијата премина на 365“, вели Уваров и додава дека некаде имаме пријатели кои внимаваат на нас.
Таа инсталација има своја „електрана“, свој извор на енергија, понатаму зборува рускиот научник.
„Ние го лоциравме за време на војната во поранешна Југославија, кога за првпат забележавме зголемено емитување на енергија. Тоа нам ни беше неверојатно, но сега знаеме дека оваа инсталација реагира на општествени немири и конфликти. Дел од нашата истрага е и пребарувањето на древни записи и архиви, пришто дојдовме до текстови за Екутин Апос Аланхор. Ги викаме Аланхор, а стари се најмалку 4.000 години. Во нив е опишана инсталацијата и тоа со научни термини. Тоа е чудесно“, наведува Уваров.
Во последните шест години, внимателно се следи нивото на зрачење во таа област, која во меѓувреме беше напуштена. Уваров вели дека тоа се случило и два месеци пред Тунгунската експлозија. Изгледа дека нивото на озраченост се зголемило, бидејќи инсталацијата се подготвувала за одбрана од астероид.
Зрачењето го нарушува истражувањето на терен, но Уваров вели дека се подготвува голема експедиција, во која можат да учествуваат и меѓународни екперти, но исклучиво одговорни и посветени луѓе.„Во Сибир постои стара изградена инсталација која ги уништува небесните тела кои би можеле да ја загрозат Земјата, а не се знае кој точно ја