Samsung прави водоотпорен Galaxy S4

Loading...

Компанијата Samsung планира на пазарот да пласира смартфон Galaxy S4, отпорен на вода и на валкање.

Јужнокорејската компанија планира во следните неколку седмици да претстави поиздржлива верзија на Galaxy S4.
 Смартфонот на Samsung ќе има силна конкуренција која се гледа и во другите цврсти телефони на пазарот, а еден од нив е Sony Xperia Z.
 Се очекува Samsung на купувачите да им понуди и мини верзија на Galaxy S4, како што беше случај и со Galaxy S3 минатата година.
 Galaxy S4 ќе има quad-core процесор за британскиот пазар, додека за останатите ќе има octa-core чип, а забележителна разлика нема да има.
Maкфакс
Компанијата Samsung планира на пазарот да пласира смартфон Galaxy S4, отпорен на вода и на валкање.

loading...