Шатев:Не припаѓам кон никаква организација, национална или социална, а само сум Македонец

Павел Шатев (Кратово, 15 јуни 1882 – Битола, 30 јануари 1951) е истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атенатори. Подоцна станува еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија – прв министер за правосудство. Бил и слободен ѕидар.Шатев основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Во 1896 година своето образование го продолжува во Солунската машка гимназија, каде во 1900 година успешно матурира. Истовремено се приклучува на Гемиџиите, кои во април 1903 година ја изведуваат познатите Солунски атентати.
Шатев е задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција е успешно извршена, при што бродот бил запален, а и сите патници се спасени. По успешната акција, тој е уапсен од турските власти. Пред воениот суд во Солун негира дека се вика Павел Шатев и се преставува како Георги Манасов родум од Ќустендил. Во распрашувањата кои ги води воениот суд пред европските преставници тој ќе изјави дека „не припаѓа кон никаква организација, национална или социална, а дека е само Македонец“.
Во книгата “В Македония под Робство; Солунското Съзаклятие (1903 г.), Подготовка и Изпълнение” Софија, 1934 г., Павел П. Шатев за распитот пред воениот суд по неговото апсење во извадоците од гл. 137 ќе напише:
„Првите пет-шест дена никој не ме распрашуваше. Јас бев преместен во посебна, прилично голема просторија во која имаше само една дрвена клупата. Вратата на просторијата беше деноноќно отворена, а пред самиот влез стоеше војник стражар. Понекогаш – обично ноќно време – офицери по двајца или тројца доаѓаа кај вратата, некои од нив ми се потсмеваа, а други, пак, само испитувачки ме гледаа и пак си одеа. Стражарот по наредба не дозволуваше никому да влезе во мојата соба, а уште помалку да се разговарам со кого и да било.
На 23 април (6 мај н. ст.) во приквечерието на Ѓурѓовден ме одведоа кај кајмакамот Сери бег, а тој со едно писмо ме предаде на еден млад офицер. Јас и офицерот, придружени од двајца вооружени војници, слеговме по скалите на вториот кат и наместо во мојата соба влеговме во дворот на вилаетското управување, каде што чекаше една кочија. Сите се качивме во кочија и таа тргна. Наместо по улицата “Сабри паша”, кочијата тргна по улицата “Митхад паша”…
…Кочијата од ул. “Митхад паша” сврте кон првостепената улица “Хамидие”. Во моментот кога стигнавме до Беаз куле, пресретнавме една погребна поворка. Еден висок офицер од европската флота беше починал и го носеа неговото тело кон крајбрежната улица. При самата поворка кочијата застана, јас ја извадив шапката, а публиката која одеше по ковчегот, повеќето европски и турски офицери и војници морнари, почнаа да ме гледаат. Тие сфатија дека јас сум еден од заговорниците и продолжија да ме гледаат. Човечка љубопитност.
Поворката помина, а кочијата застана пред дивизионната управа, кој се наоѓа наспроти плоштадот кај Беаз куле. Офицерот напред, јас по него и војниците позади нас влеговме во зградата и офицерот ме остави во една мала соба, каде кај мене на пет-шест чекори ги остави двајцата војници-стражари. Во оваа собичка јас останав еден-два часа, а потоа офицерот ме воведе во еден голем салон.
Лево седеа неколку турски офицери, наспроти еден генерал – Едип паша, началник на III армиски корпус, – а оддесно седеа двајца цивили без капи – францускиот конзул Л. Стег и директорот на паробродската агенција “Месажери Маритим”. Ми посочија еден стол во средината на собата и ми рекоа да седнам. Јас седнав. Тоа беше составот на веќе формираниот вонреден воен суд.
– Како се викаш и од каде си? – ме запраша претседателот на судот.
– Се викам Георги Манасов и родум сум од Ќустендил.
– Знаеш ли нешто за тоа што се случи во градот? Си бил патник во еден пароброд, кој пред една недела изгоре? – ме запраша претседателот на судот, кој беше типичен едноставен Турчин.- Да. Знам дека еден пароброд изгоре и од сето гледам дека вие ме обвинувате дека јас сум го запалил овој пароброд. Но бидејќи делото се случило под француско знаме, што значи, на францускиот територија, затоа е надлежен францускиот суд и може да ме тужи и само таму ќе кажам што знам.
Претседателот на судот силно се налути, но сепак тој се срамеше од присуството на францускиот конзул и само преполнет од злоба рече: – Добро, добрем ќе видиме. Ова е последна работа.
Потоа донесоа мојот куфер на кој имаше 4 – 5 восочни печати. – Твој ли е овој куфер? – ме запраша претседателот. – Да.
Го распечатија куферот и откако го отворија, ми рекоа да станам од столот, за да видам дали нешто недостасува…
… Јас станав исправен, погледнав одозгора во облеката и реков дека ништо не ми недостига и пак седнав на столот. Двајца од присутните офицери прегледаа во мојата облека, меѓу кои најдоа еден фес и неколку брошури на француски јазик. Францускиот конзул посака да види какви се книгите. Ми ги подадоа и тој виде дека тоа беа 2 – 3 тома од романот на Виктор Иго “Клетници”, издание на Библиотек национал. Л. Стег одвитка еден том и застана да чита неколку реда. Откако прочита нешто насмеан, ја предаде книгата на претседателот. Последниот не знаеше да чита француски и посака да му се преведе одбележаното со молив. Еден од офицерите брзо му ја преведе содржината на … одбележаниот со молив пасус. Тоа беше еден пасус во кој В. Иго зборува воопшто за гилотина. Јас кога сум ја читал книгата, очевидно, ми допаднал овој пасус и сум го одбележал. Тоа го сврте вниманието на францускиот конзул и тој го посочи пасусот на претседателот на судот, а последниот, откако сфати за што се работи, злобно се насмеа и рече по турски: – Тој уште од порано се подготвувал.
Потоа ме извадија од салонот и ме одведоа во малата соседна соба, а по 2 – 3 минути и двајцата Французи си отидоа. Седницата се прекине, а мене ме вратија назад во Сарајот – Вилаетското управување. Тоа беше првиот распит.
Во растојание на две недели речиси секој ден пак на истот начин ме изведуваа пред воениот суд и пак ме враќаа во Сарајот – Вилаетското управување. За цело време на сослушувањето настојував дека живеам во Ќустендил и дека се викам Ѓорѓи Манасов и дека турски не знам, а само бугарски и француски.
Сослушување стануваше преку преводувачот  Тефиков, Турчин, завршил Воено училиште во Софија. Иследник беше Џемал бег, еден вонредно интелигентен офицер мајор. Претседател Едип паша, потпретседател Шемси паша – началник на флотата во Солун.
Без оглед на моите признанија судот сакаше со факти и сведоци да потврди дека јас сум го изгорел бродот “Гвадалкивир” и многу се збуни, зашто негирав дека сум Павел П. Шатев, родум од Кратово, и дека официјално пред судот настојував дека сум Ѓорѓи Манасов од Ќустендил.
Судиите забележаа дека со тоа голо негирање јас нешто сакав, но, сепак не можеа да си објаснат и да се убедат зошто инсистирам на своето. Јас не можев и не сакав да им објаснам, поаѓајќи од едно предубедување што всушност можеби немаше апсолутно никакво значење. Јас сепак тогаш ја идеализирав Бугарија и сметав дека ако признаам дека сум турски поданик и се викам Павел Шатев, со тоа ќе потврдам дека пасошот ми е лажен, а тоа си мислев јас ќе даде повод за некој дипломатски конфликт, во кој Бугарија како држава требаше да се изложи, бидејќи никој немаше да поверува дека јас само со помош на еден писар успеав да се снабдам со пасош.
Од сослушувањето јас сфатив дека судиите беа со предрасуди дека јас, како и останатите мои другари, како млади луѓе, сме испратени едвај ли не од некое министерство од Бугарија за да ја исполниме акцијата по одреден план, изработен во Софија! Јас негирав се, негирав дека сум Павел П. Шатев. Судиите продолжуваа да ме опоменуваат, како и да носат документи и докази, бидејќо јас упорно настојував дека сум Ѓорѓи Манасов и дека никогаш не сум го познавал лицето Павел Шатев. За да се потврди мојот идентитет, најнапред судот повика мои поранешни наставници при Солунската гимназија.
Иван Гарванов изјави дека ме познава и дека во период од четири години ми беше учител. При соочувањето јас лично изјавив на Гарванов, дека тој веројатно се лаже…
По Иван Гарванов го повикаа Г. Раев, кој исто така рече дека ми е бил учител по математика. Како тој така и Иван Гарванов не можеа и не требаше да кажат друго, ниту да одречат дека ме познаваат, бидејќи со тоа без друго би дале повод за сомнеж. Јас пак негира. При соочување со Г. Раев, тој рече: “Освен по лице го познавам и по гласот!” Сепак јас со големо спокојство одбив и се држев рамнодушно. Го повикаа и учителот по турски јазик Едхем ефенди. Последниот изјави дека ме познава…
Најпосле, за да се докаже со документ дека всушност сум Павел Шатев, а не Георги Манасов, донесоа листови, на кој пред 3 години на матурскиот испит по француски јазик бев ја пишувал темата. Јас го негирав и потписот… Претседателот на судот налутено се сврте кон мене и наведувајќи еден лист, ми рече: – Еве ова е твојот портрет, оздола под напишаниот текст се забележуваат потписите на сите членови од околискиот совет и тие со своите потписи потврдуваат дека ти не си Георги, а си Павле и дека си син на Поце Ив. Шанев. Јас го искористив тоа и реков дека на бугарски нема име Шане…
Сослушувањето на тоа клучно прашање се заврши и поминаа на друго.
– Зошто запали токму францускиот пароброд, кога истиот ден имаше друг, италијански пароброд, многу поубав, поголем? – праша претседателот.
– Затоа горе-долу познавам францускиот јазик и полесно ми беше да патувам со француски пароброд.- Нешто друго?
– Ништо повеќе нема што да кажам.
Прашањата се поставуваа едно по друго, а јас одговарав на секое прашање. Судиите очигледно сфатија дека јас одговарав на прашањата само и само да се исполнат формалностите по постапката на судот.
– Дали припаѓаш на некоја современа социјална доктрина? – ме праша конечно Тефиков.
Се претварав дека не го разбирам.
Тефиков пак полека јасно ми појасни, прашувајќи ме дали се вбројувам во некоја организација и каква е таа – национална или социјална.
Јас ја разбрав тенденцијата која сакаше да ја истера Тефиков и изјавив:
– Не припаѓам на никаква организација, национална или социјална, туку само сум Македонец.
Судот сакаше да признаам дека сум анархист, бидејќи веднаш по нападот по сугестија на бугарскиот трговски конзул А. Шопов се разгласи по градот дека атентаторите не биле “народни дејци”, а социјалисти и анархисти. И навистина јас не знам кој повеќе жалеше за настанатите напади – дали Хасан Фехми паша, или А. Шопов.“
На судскиот процес на 6 јуни 1903 година Павел Шатев е осуден на смртна казна. Исчекувајќи го три години извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му е заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара. Во 1908 година, по Младотурската револуција, Шатев е амнестиран и повторно доаѓа во Солун.
(Извор: Павел П. Шатев “В Македония под Робство; Солунското Съзаклятие (1903 г.), Подготовка и Изпълнение” Първото издание на книгата, София, 1934 г.)Шатев основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Во 1896 година своето образование го продолж

Пронајдете не на следниве мрежи: