Сценаристот на „Линколн“ се извини заради историските невистини

Loading...

Сценаристот на „Линколн”, филмот со најдобри шанси на претстојното доделување на Оскар, се извини заради „15-те секунди” историски невистини во својот филм.

Имено, извинувањето следеше по приговорот на американски конгресмен од Конектикат дека во филмот двајца застапници од оваа држава во 1865 година гласаат против укинувањето на ропството.
Конгресменот Џо Кортни е „во право кога велид ека четворица членови од делегацијата од Конектикат гласаа за амандманот” за укинување на ропството во САД, признава сценаристот Тони Кашнер, преку електронска порака објавена во петок.
„Го изменивме гласањето на двајца членови на делегацијата и им дадовме нови имиња на лицата кои ги уфрлија своите ливчиња во кутијата за да не ги припишеме на вистинските лица”, изјави Кашнер.
Сценаристот, сепак помалку иронично, велид ека ме е „жал ако некој во Конектикат се почувствувал навреден заради 15 секунди филм”, забележувајќи му на конгресменот на „себерекламирањето”.
Кашнерс истакнува дека неточноста воопшто не влијае на пораката на филмот што е „историска драма” и треба да се разликува од историјата.
Конгресменот сепак побара грешката да се поправи пред диструбуцијата на филмот на ДВД.Американскиот филм на режисерот Стивен Спилберг го прикажува ликот на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн во периодот кога се води расправа за укинување на ропството. Доби 12 номинации за Оскар, а прогласувањето ќе се одржи на 24 февруари.
Макфакс
Сценаристот на „Линколн”, филмот со најдобри шанси на претстојното доделување на Оскар, се извини заради „15-те

loading...
Loading...