СДСМ ќе прави промена на Судскиот совет, за целосна контрола на судството

Преку промена на Судскиот совет СДСМ сака целосно да стави рака врз судството. Новиот премиер Зоран Заев сака судиите повторно да станат политички извршители на СДСМ. Целосно партизирање на судството и бирање само на политички подобни судии беше црната дамка што СДСМ ја остави врз Македонија, уништувајќи го целиот правосуден систем.СДСМ ја повторува праксата од 2002-ра година и под плаштот на наводни промени и екипирање со експерти, сега подготвуваат измена на закон со кој отвораат врата за наводни нивни експерти, преку кои кои дефакто ќе направаат целосна партизација на судтсвото.
Според нашите информации, новото мнозинство предводено од СДСМ има план да се менува Законот и наместо 5 членови кои ги предлага претседателот и Парламентот, плус 8 од редот на самите судии, тие сега ќе се бираат на некој друг начин со цел да се дојде до персонална промена на 13-те судии, колку што го сочинуваат Судскиот совет.
Практично ова ќе значи ставање на судтсвото под целосна контрола на СДСМ, по што ќе следат нарачки за пресуди од партијата која сега ја има власта. СДСМ и Заев повеќе пати најавуваат реизбор на судии, а првата изјава на Заев како премиер беше промена на обвинителот.
-Една од работите заради која не ни чини правосудството е Јавниот Обвинител. Јас се надевам дека можеме почетокот на реформите да го почнеме и го повикувам да си поднесе оставка. Утре ја очекувам неговата оставка, секако како чин кој што знае дека на предлог на влада, Парламентот го разрешува државниот Јавен обвинител и на предлог на влада, Парламентот го избира. Од тој аспект го повикувам да ги убрза процесите и да си поднесе оставка Марко Зврлевски, беше првата изјава на Заев синоќа пред партиското седиште.
Претходно, Заев многу пати најавуваше генерален реизбор на судии, што предизвика реакции кај стручната јавност.
-Истовремено паралелно веднаш ќе мораме да ги отвориме процесите за независноста во судството. Ветивме и чиста ни е состојбата по ова прашање – распуштање на судството и негов реизбор, изјави Заев во интервју за РСЕ на 7-ми мај.
Заев сака целосна контрола од судството за да се спаси од судските рочишта
Против луѓе од СДСМ се водат повеќе судски рочишта за проневери и поткуп, па Заев со земање на судството во свои раце сака да направи контрола и уценување на сите кои се непослушни и нема да се покорат.
Во Јавно Обвинителство се води постапка против Заев за случајот „Поткуп“. Заев е осомничен од ЈОО за „Поткуп“, за што има видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и суд. Таму јасно се гледаат две работи како Заев бара поткуп од струмички бизнисмен, и како кажува дека многу други фирми од општината каде е градоначалник веќе му дале поткуп, чудејќи се како соговорникот бизнисмен не ги знае правилата.
Заев го интересира како да се спаси од обвинението за „Поткуп“, а затоа и му се брза со разрешувањето на Зврлевски и реизбор на судии.
Правните експерти се јасни и децидни дека е противуставно и незаконски реизбирањето на судиите. Во овој момент и од оваа формално-правна перспектива е јасно дека распуштањето и реизборот остануваат само најава, односно закана. Според претседателот на Судскиот Совет, Зоран Караџовски секое повторување на генерален реизбор на судии, какво што се случуваше во минатото кога СДСМ ја имаше власта, за Судскиот совет претставува закана и мешање во нивната непристрасност и самостојност, но, пред с`, е притисок врз неговата работа како чувар на независноста и самостојноста на судството и угледот на судиите.
Kако што објасни Kараџовски, според она што е одредено во Уставот, а е преточено во Законот за судовите, мандатот на судиите е траен до навршени 64 години.
– Во амандманот 28 од Уставот е регулирана правната позиција на Судскиот совет. Во овој амандман е наведен и составот, колку членови на Советот се од редот на судиите, колку се по функција, колку се избираат од Собранието, колку по предлог на претседателот на државата повторно од Собранието и во овој амандман конкретно и експлицитно е наведено дека мандатот на неговите членови трае 6 години со право на уште еден избор – објаснува Kараџовски.
Експертите коментираат дека сега кога СДСМ имаат мнозинство, ако се обидат пак да разрешуваат судии и да назначуваат свои под плаштот на реформи, најдобри практики и ослободувања, тоа нема да им помине во јавноста како такво, туку како најдиректно, најфлагрантно и најбрутално кршење на демократските процеси и обид за повторно инсталирање на партиски судии заради управување со судската власт.
Целосно партизирање на судството и бирање само на политички подобни судии беше црната дамка што СДСМ ја остави врз Македонија, уништувајќи го целиот правосуден систем во 90-тите години. За само неколку часа, пратениците во Собранието кое беше без опозиција во 1996 реизбраа 617 судии. Истиот период беше проследен со најголемата кражба на општествениот имот, која СДСМ ја нарече приватизација. Ниеден од овие реизбрани судии не покрена ниту една постапка против одговорните за приватизацијата, иако 200.000 луѓе беа оставени на улици, а преку 600 фабрики беа затворени.
Ако СДСМ го направи тоа по трет пат, зошто ВМРО-ДПМНЕ да не го повтори?
Ако сега тоа се повтори, ќе стане јасно дека тоа го прават со цел да се ослободат од сопствените судски процеси, и правејќи од судството повторно партиско судство да вршат прогон на сите свои опоненти. Ако СДСМ тоа го направи по трет пат (1996, 2002 и сега), тоа не само што ќе стане пракса, туку повеќе од сигурно е дека во прва прилика кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство во Парламентот ќе го направи истото и ќе направи нов реизбор.
Тоа според експертите ќе значи дека Македонија ќе се сведе на држава во која секоја нова власт при самото доаѓање ќе ги менува и заплашува судиите. Зошто ако трет пат СДСМ го направи тоа, потоа и ВМРО-ДПМНЕ да не го направи? Сега мнозинството судии во Судскиот совет се избрани на тајно гласање од самите судии во судовите.
Експертската јавност коментира дека судството ќе се подобрува со закони со кои до максимум би се стеснила шансата на судиите намерно или ненамерно да грешат, а не персонално. Ако нема доволно добри закони кои ги ограничуваат судиите во можноста за свесни и несвесни грешки, и новите судии многу брзо ќе почнат со исти грешки како и дел од сегашните или поранешни судии.
Секое подобрување на системот може да се третира како реформа ако е издржано, но не и партиски персонални промени или пак промена на систем за да една партија или коалиција завладее со Судскиот совет и преку него да ги контролира судиите. Во оваа област не постојат најдобри практики, секоја држава има различни или слични системи, но нема најдобри практики.
-А како што излезе со начинот како беше избран новиот парламентарен претседател, нема да биде чудно ако и во случајот на судиите се примени истиот рецепт. Односно, Талат Џафери сега да ја има улогата на сигнален фактор за тоа кој судија ќе може да помине, а кој не. Поинаква шема јас не можам да замислам оти сите релевантни и базични уставни и законски одредби предупредуваат дека генерален реизбор не е можно да биде направен така како што го најавува партискиот лидер на социјалдемократите, пишува новинарот Бранко Ѓорѓевски во својата колумна.
Тој додава дека мандатот на судиите е траен, изборот го врши Судскиот совет, а судиите може да се сменат само поради несовесно и нестручно вршење на судиската функција и потешка дисциплинска повреда.
-Сето тоа се клучни одредби, кои, како држава, сме ги определиле и вградиле во нашето законодавство како резултат на судските реформи правени со учество и надзор на ЕУ за да ги исполниме критериумите за членство. И кога сега идниот премиер ќе каже дека ќе прави нешто сосема надвор од Уставот и законите што постојат во државата, како тоа треба да се сфати? Kако легитимна намера, како правно издржана постапка втемелена на нашите прописи? Јасно дека не треба, но она што треба да н` загрижи не е само намерата на ваквиот упад во судскиот систем. Мене лично повеќе ме загрижува молкот на стручната јавност за ова. Забележува ли некој дека освен што со реакции во јавноста на оваа тема се појавуваат еден поранешен министер за правда, еден актуелен и еден поранешен претседател на Судскиот совет, една професорка по Уставно право и по некој аналитичар и новинар, друг ретко кој да реагира и да се спротивстави на оваа партиска намера. Што тоа значи? Што, всушност, значи молчењето на голем дел на мислечките луѓе во земјава: одобрување, страв од последиците на спротивставувањето, калкулирање со добивање добра позиција во ешалоните на власта што ќе се ослободат? Сигурно дека сите причини се во игра, но прашањето е дали е тоа токму она што како промени треба да го добиеме. Патем, зошто нема ниту една јавна реакција токму од многубројните правни експерти, советници, амбасадори, секретари на амбасадите… кои на секои два-три месеци ни доаѓаат за да ни одржат нови сесии на обуки за наши судии и обвинители за да ги научат и обучат како да бидат независни и да донесуваат непристрасни судски одлуки ослободени од секакви политички влијанија. Или ова се смета за дел од реформите што треба да следуваат и со кои повторно ќе ни се случи изборот на сите судии да се врши за десет секунди и со поглед кон раката на претседателот на парламентот, пишува Ѓорѓевски.
Како се одвиваше реизборот на судии од СДСМ во 1996?
Во 1996 година, во време на една политичка криза, собранискиот состав предводен од СДСМ изгласа над 600 судии на седници каде присуствуваа само пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ „Сојуз на Македонија“, без присуство на тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата, тогаш на чело со Љубчо Георгиевски, одлучила да се повлече од законодавниот дом по фалсификатот на изборите во 1994 година.
Накусо: се работи за избор на судии во време кога целокупната власт и контролата на целиот систем во државата, вклучително и судскиот, е во рацете на СДСМ, тогаш на чело со Бранко Црвенковски.
Тогашната ВМРО-ДПМНЕ, изборот го критикуваше преку соопштенија и вонпарламентарни изјави. Го обвинуваше Црвенковски за манипулации со гласањето на пратениците, тврдејќи дека „партиската подобност на избраните судии била услов селекцијата да падне токму на нив“. ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека потенцијалните судии биле посочувани директно од општинските организации на СДСМ.
– ВМРО-ДПМНЕ ја осудува и практиката да се занемаруваат и мислењата на надлежните стручни институции, во случајов на Републичкиот судски совет што тие го формираа и избраа, а да се уважуваат и мислењата на општинските организации на СДСМ, се вели во соопштението до медиумите на ВМРО-ДПМНЕ, испратено на 28 јуни 1996 година, ден по собраниската седница на која се изгласани судиите меѓу кои и Башеска.
Над 520 судии се избрани на 49-та собраниска седница на 27 јуни пред 1996. За само еден ден, пратениците гласаа на експресно брз начин, за секој од овие над 500 судии поединечно. Истиот ден се избрани и претседателите на три апелациски судови, меѓу кои во фотелјата на скопска апелација седна Ленче Софрониевска, која како поранешен член на ЦK на Сојузот на комунистите на Македонија, според ВМРО-ДПМНЕ, беше уште една потврда за ставањето „под партиска капа и идеолошката контрола на судството“.
За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не направи вакви процеси, не менуваше закони за партиски го превземе Судскиот совет, а можеше доколку сака.
 СДСМ ја повторува праксата од 2002-ра година и под плаштот на наводни промени и екипирање со експерти, сега подготвуваат измена на закон со кој отв

Пронајдете не на следниве мрежи: