СДСМ продолжува да лаже како Заев

Ниту една лага од фабриките за афери на СДСМ не може да го покрие срамот од антидржавното однесување на СДСМ и црната кампања со која граѓаните ги оштетија за 25 милиони евра.
 Кире Наумов, аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ не може да побегнат од одговорноста за финансискиот тероризам кој го сторија при издавањето на еврообврзницата.
Наумов, Заев и СДСМ ќе одговараат за нивниот антидржавен обид за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија.
СДСМ бесрамно со сите сили преку манипулации и притисоци до светските финансиски институции се обиде да создаде вештачка паника која директно се одразува на угледот на земјата.
Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи од Бихаќка. 25 милиони евра е штетата преку подигање на каматната стапка како резултат на ефектите од црната кампања и измислиците на Бихаќка. Штета која директно ја предизвика СДСМ.
Овие пари кои можеа да се искористат за  изградба на нови или реконструирање на постојни училишта, студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки или болници, ќе завршат во туѓи џебови само поради финансискиот тероризам на СДСМ.
Неодамна во ист ваков чин на финансиски тероризам и вештачки создадена паника аболицираниот криминалец Заев и СДСМ натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати.
СДСМ се води по логиката „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“. СДСМ се грижи само за личното богатење, нарушување на угледот на Република Македонија и одржувањето на состојбата на криза и агонија за граѓаните, бидејќи само во таква состојба СДСМ е фактор во државата.
Интересот за издадената еврообврзница е најдобар доказ од најголемите светски финансиски институции дека Заев и СДСМ лажат и водат поразувачки политики со единствена цел да и наштетат на Република Македонија. И во изминативе денови во кои се средуваше документацијата пред приложеното правно мислење од Министерот за правда, СДСМ не запре со црната кампања, измислиците и манипулациите, обидувајќи се до последен момент да го руши угледот на државата и да им нанесува директна штета на граѓаните.
Граѓаните тоа добро го знаат и затоа му забрануваат на СДСМ да се доближи до власта. Аболицираниот криминалец Заев и СДСМ ќе одговараат пред народот за сите штети кои свесно и ги нанесуваат на државата. Сметката ќе им биде испорачана на изборите.
 Кире Наумов, аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ не може да побегнат од одговорноста за финансискиот тероризам кој го сторија при

Пронајдете не на следниве мрежи: