Се гради нова атмосферска канализација во општина Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов, извршија увид во градежните работи на новата атмосферска канализација што се гради по дел од улицата број 513 во населбата Керамидница, што води кон Скопски саем.На овој потег започна изградбата на атмосферска канализација од Дојрана до реката Вардар и од поранешен Пролетер до реката Вардар. Оваа атмосферска канализација се прави поради двете критични точки што се јавуваат при обилни дождови, од кои едната е кај Дојрана, а другата е на булеварот Александар Македонски меѓу Континентал и семафорите кај Автокоманда.
Со изградбата на овој атмосферски колектор ќе се заокружи колекторскиот систем од Дојрана па се до р. Вардар и од Пролетер до р. Вардар. Должината на овој зафат е 550 метри, а рокот за изградба е 60 дена.
Инвеститорот на проектот е ЈП „Водовод и канализација“ и за неговата реализација се издвоени околу 25 милиони денари, а на терен работат екипите на БАУЕР БГ.
Ги информираме граѓаните дека поради градежните работи коишто се одвиваат на улицата број 513 , којашто минува низ населбата Керамидница и води кон Скопскиот саем, сообраќајот е затворен и им порачуваме на учесниците во сообраќајот да се придржуваат на поставената сообраќајна сигнализација.
 На овој потег започна изградбата на атмосферска канализација од Дојрана до реката Вардар и од поранешен Пролетер до реката Вардар. Оваа атмосферска

Пронајдете не на следниве мрежи: