Се одржа обука за уредување на Википедија во просториите на Државниот архив на РМ

Во деновите на 1, 2 и 3 јуни 2016 година, во просториите на Државниот архив на Република Македонија беше одржана обука за уредување на Википедија. На обуката зедоа учество вработени во ДАРМ, а свој придонес даде и директорот на Државниот архив на Република Македонија, господинот Филип ПетровскиНа новинарско прашање да даде свое мислење, директорот на ДАРМ, д-р Филип Петровски ни одговори дека:
„Секој граѓанин во Македонија е добро да учествува во уредување на статии на Википедија на македонски јазик или во дополнување на податоци, но уште позначајно е кога луѓето со одредени знаења придонесуваат за збогатување на Википедија на македонски јазик. Сите ние ја користиме оваа енциклопедија, но посебно учениците и студентите своето дополнително знаење го црпат од Википедија на македонски јазик. Ова е пракса која треба да продолжи, но и да се прошири и низ други институции.“

Дел од вработените кои ја посетуваа обуката
„Википедија е енциклопедија која секој може да ја уредува, но сепак најкорисни како уредувачи на Википедија се луѓето кои имаат знаење од некоја област. Затоа ваботените во ваква институција како што е Државниот архив се потребни на Википедија на македонски јазик како уредувачи. Нивното знаење од областа на историјата и архивистиката е од непроценлива вредност. Откако се обучени за тоа како се уредува на Википедија, вработените во ДАРМ ја збогатуваат Википедија на македонски јазик со нови содржини, но и со поправка или дополнување на постоечки статии од областа во која тие имаат стручно знаење, односно квалитативно и квантитативно“ – вели Снежана Штрковска, матичен Википедијанец во ДАРМ.
Обуката е во рамките на активноста што ја спроведува матичниот Википедијанец во ДАРМ, и ова е прва обука на вработени од државна институција во Македонија.
Вршење обука на вработените од ГЛАМ секторот (ГЛАМ, англиски акроним за: Г- галерии, Л-библиотеки, А-архиви, М-музеи) е пракса во многу земји низ светот. Другите јазични Википедии ги имаат на располагање знаењата на вработените од ГЛАМ секторот од своите земји.На новинарско прашање да даде свое мислење, директорот на ДАРМ, д-р Филип Петровски ни одговори дека:
„Секој граѓанин во Македонија е

Пронајдете не на следниве мрежи: