Се вработуваат 300 лица-плата до 24.000 денари!

ЈАВЕН ОГЛАС- за засновање на работен однос на неопределено работно време за вкупно 300 извршители (лица со инвалидност) и тоа:1. Помошни работници – 160 (стоишеесет) извршители со НКВ, ПКВ, НСО, КВ и ВКВ
2. Референти – 100 (сто) извршители со ССС или ВШС степен на стручна подготовка и тоа:
3. Соработници (Советници) – 40 (четириесет) извршители со ВСС степен на стручна подготовка                                                                                                                 
Услови:
На огласот може да се јават невработени лица со инвалидност и тоа:
лица со оштетен вид (слабовидни и слепи),
лица со оштетен слух (наглуви и глуви),
лица со пречки во гласот, говорот и јазикот,
лица со телесна инвалидност (тешка и потешка телесна инвалидност),
лица со пречки во менталниот развој (лесни и умерени пречки ),
лица со комбинирани пречки и инвалиди на трудот ,
кои што немаат засновано работен однос и кои што поради степенот на инвалидност имаат специфични потреби во работењето и се работоспособни, врз основа на наод и мислење од надлежен стручен орган или Комисија за оцена на работната способност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
 
Изборот на кандидати за засновање на работен однос ќе се врши согласно следниве критериуми на бодирање
години на невработеност – 40 бода за лицата со инвалидност кои што најдолго се невработени, пропорционално помалку бодови за останатите согласно периодот на невработеност:
личен приход на лицето со инвалидност – 30 бода за лице со инвалидност со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица со инвалидност кое што има лични приходи;

 
приход на домаќинство – 20 бода за лице со инвалидност од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица со инвалидност од домаќинства во кои што има приходи и
за лица со инвалидност од домаќинства во кои што има приходи и самохран родител, еднородителско семејство или домаќинство во коешто два или повеќе членови се лица со инвалидност-10 бода.
 
При оцена на критериумот приходи на домаќинство ќе се земе состојбата на приходи на 01.01.2013 година – годишен приход за 2012 година.
Социјалната парична помош, посебниот додаток, паричниот надомест за помош и нега од друго лице и додатокот за слепило/мобилност не се земаат како приход на кандидатот и членовите на домаќинството.
При изборот за вработување ќе се води сметка за принципот за еднаква и правична застапеност на заедниците во Република Македонија.
При изборот за вработување ќе се води сметка на застапеноста на видот и степенот на инвалидност според бројот на поднесените барања на овој оглас. Во овој случај застапеноста на лицата со инвалидност ќе биде во зависност од поднесените барања од кандидати со ист вид и степен на инвалидност, при што најголем број на работни места ќе добијат лицата кои ќе поднесат најмногу барања од ист вид и степен на инвалидност.
При распоредувањето на избраните кандидати ќе се има во предвид наодот и мислењето на Комисијата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за определување на работи кои може да ги извршува инвалидното лице на соодветно работно место.
За работните места/позиции под реден број 1 – помошни работници ќе им биде исплатена плата по систематизација во износ од 14.700,00 денари. www.avrm.gov.mk ; www.mtsp.gov.mk
Повеќе на следниот ЛИНК1. Помошни работници – 160 (стоишеесет) извршители со НКВ, ПКВ, НСО, КВ и ВКВ
2. Референти – 100 (сто) извршители со ССС или ВШС степен на

Пронајдете не на следниве мрежи: