Се заглавил со автомобилот на пруга: Излегол само неколку секунди пред…

Карло бил излезен и испил неколку пива. Изгубил контрола над воланот, ја пробил оградата од патот и застанал на пруга. Искочил само неколку секунди пред да дојде возот. Карло Матечиќ(27) од Велика Горица(Хрватска)  имал голема среќа и останал жив откако неговиот автомобил се заглавил на пруга.
-Во неделата во 3 часот наутро се враќав од излегување и таа вечер испив 5 пива. Имаше магла кога си одев дома ја загубил контролата и ја пробив металната ограда па завршил со автомобилот на пруга- раскажува тој се уште во шок.
Автомобилот ќе заврши на отпад
-Не можев ништо да сторам само запалив светла, и во тој момент дојде еден човек до мене и ме праша дали сум добро и одеднаш започна да вика да излезам затоа што доаѓа воз- раскажува.

 

А иако направил се да го поправи автомобилот сепак истиот ќе заврши на отпад.
-Нема ни заден ни преден дел, единствено машината остана. Моето Волво е за во отпад.- додава и покрај тоа што му  е жал за автомобилот среќен  е што останал жив.
-Среќа што не се онесвестив при ударот во металната ограда. Ќе треба да го славам овој ден- додава. Карло Матечиќ(27) од Велика Горица(Хрватска)  имал голема среќа и останал жив откако неговиот автомобил се заглавил на пруга.

Пронајдете не на следниве мрежи: