Секси Сандра: Не ми треба момче, сама се задоволувам!

Иако Секси Сандра сега е во среќна емотивна врска, открива дека и без партнер вешто се снаоѓа и умее да се самозадоволи, како и тоа дека невиноста ја изгубила кога станала полнолетна. Пејачката се пофали дека првиот пат и бил одличен.
„Месец дена можам да издржам без секс, точно онолку колку што бев на Фарма. Па што мислите? Зошто сакав толку брзо да излезам од Фарма? Морам да кажам дека умеам да бидам многу имагинативна кога немам партнер покрај себе. Инаку невиноста ја изгубив на 18 години. Го направив тоа кога се појави вистинското момче. Беше убав, згоден, паметен и тогаш за мене беше центар во светот. Мојот прв секс беше одличен,“ изјави Сандра.
Таа додава дека не ги подржува оние девојки кои млади стапуваат во сексуални односи и апелира кон сите нив да користат заштита.
„Мислам дека денешните девојки многу рано стапуваат во сексуални односи и не се доволно зрели за таков чин. Не треба да се брза, за се има време. Ја користам оваа прилика и да ги посоветувам денешните девојки да користат заштита. Отсекогаш сум била за заштитен секс, бидејќи секако подобро е да се спречи отколку да се лечи!“- изјави Сандра.
Пејачката признава дека фетиш и е да води љубов на необични места.
„Имало многу луди места на кои сум имала секс. Голем егзибиционист сум и сексот на чудни места ми е фетиш. Го памтам сексот во лифт, во авион, во базен“, признава пејачката. Иако не сакаше да го открие идентитетот на своето ново момче, Сандра го опиша за неа идеалниот маж:
„Ме привлекуваат способни момчиња. Оние кои цврсто стојат на нозе и ја гледаат својата жена како капка вода на дланка. Мора да биде маркантен и духовит“.Иако Секси Сандра сега е во среќна емотивна врска, открива дека и без партнер вешто се снаоѓа и умее да се самозадовол

Пронајдете не на следниве мрежи: