SIGNORI ве советува како правилно да ја врзете вашата вратоврска

Постојат 85 различни видови на врзување на вратоврска според англиските истражувања објавени во книгата – (Ways to Tie a Tie by Cambridge University Research Fellows Thomas Fink and Yong Mao).Изборот на вратоврската како и видот на чворот ја покажува вашата личност, креативност и стил бидејќи се наоѓа веднаш под вашето лице.
 
Signori се обидува да ви помогне и да го намали изборот.
Ова се 4  видови на врзување на вратоврска кои ви ги препорачуваме, заедно со неколку фактори кои може да ги земете во предвид.
 

Компатибилноста на чворот со обликот на вашата глава

Ширината на реверот со ширината на чворот

Обликот на чворот

Вашата умешност во врзувањето 
 
1.SIMPLE

 
Овој начин на врзување е едноставен, брз и добивате симетричен чвор. Доколку имате вратоврска којашто ви е мала или пак сте високи па вратоврската ви е кратка SIMPLE  начинот на врзување е правилниот избор за вас, бидејќи чворот е мал и не е потребно многу материјал да се направи.

 
2.THE FOUR IN HAND

 
Oвој начин на врзување е најкласичен  и најчесто употребуван. Создаден во 1856 познат уште како (school boy knot) бидејќи бил користен и сеуште се користи за врзување на вратоврски во приватните училишта. The Four in Hand начинот е и најчест избор на членовите од Британската Кралска фамилија. 

Изберете го овој начин доколку имате пократок врат, сакате асиметричен изглед на вашата вратоврска и носите класична кошула.
 
3.PRINCE ALBERT

 
Mногу елегантен и интересен начин за врзување на вратоврска. Постапката е иста како на FOUR IN HAND само што уште еднаш ја заобиколувате вратоврската со подебелиот крај и го користиме кај The Notch Pick(класичен ревер).

 
4.WINDSOR

 
 Овој начин на врзување го добива името по The Duke of Windsor, за да го добиете овој изглед потребно е повеќе материјал бидејќи е доста широк чворот и ви треба  подолга вратоврска.Signori овој вид на чвор го користи при носење на сакоа со The Wide Peak( широк шпиц ревер) при што се добива одлична симетричност .Ова е исто правилен избор за вас доколку имате позаобелна глава.

www.signori.mk

Изборот на вратоврската како и видот на чворот ја покажува вашата личност, креативност и стил бидејќи се наоѓа веднаш под вашето лице.
&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: