четврток, 12 ноември 2026
Најново

Симпозиум „Паметен Град“ во рамките на 13. Меѓународна конференција ЕТАИ 2016

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /19.02.2016 година, (петок )/, го отвори Симпозиум „Паметен Град“ во рамките на 13 меѓународна конференција на ЕТАИ 2016, што се одржува во Хотел Русија, во организација на Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Република Македонија (ЕТАИ).- Ме радува фактот што денеска имам можност да бидам дел од овој еднодневен Симпозиум на темата „Паметен град“ и гледам дека интересот за учество во него е многу голем. Концептот на паметни градови настанал како одговор на забрзаната индустријализација и урбанизација со цел да овозможи одржлив економски развој и високо квалитетен живот на жителите. Од многуте дефиниции за паметен град ниедна не е сеопфатна, бидејќи различни се појдовните основи и приоритети на различни градови од различни места во светот. Сепак, како заеднички именител може да се извлечат основните инфраструктурни елементи: снабдување со вода, снабдување со електрична енергија, канализација, управување со цврст отпад, ефикасна урбана мобилност и јавен транспорт, ИТ поврзување и дигитализација, добро владеење, одржлива животна средина, безбедност и сигурност на граѓаните, особено жени, деца и постари лица, како и здравство и образование. Технологијата е важна и помага во реализација на идеите, но сметам дека креативноста е можеби уште позначајна. Поточно, креативните луѓе ја користат технологијата со цел да изградат подобри и поубави места за живеење. Градот Скопје, како посебна единица на локална самоуправа, согласно со своите надлежности, реализираше повеќе капитални проекти со инфраструктурни зафаќања како изградба на нови и проширување на стари улици и булевари со целосно партерно уредување и подигање на зелени појаси, реконструкција и изградба на дел од водоводна и канализациона мрежа, локални патишта до населени места надвор од градското подрачје, изградба и реконструкција на мостови на реката Вардар, изградба на катни гаражи. Прва задача што си ја поставив и за што ја добив довербата на граѓаните, беше воспоставување ред во сообраќајот во градот Скопје и намалување на сообраќајниот метеж. За таа цел, најпрво требаше да се средат сообраќајниците, паркиралиштата, изградивме неколку кружни текови а потоа работевме и на регулацијата на сообраќајот во градот. Со проширувањето на сообраќајниците – улиците и булеварите се овозмозможи побрза проточност на возилата, а со изградбата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот и имплементацијата на софтверското решение кое врши регулација на сообраќајот преку менаџирање на семафорите, се постигна и многу важната цел зашита на животната средина. Овој процес ќе се заокружи со изработка на систем за менаџирање на паркинг местата во градот со софтверско решение и поставување на информативни табли на видни места за корисниците на услугите.Втора задача и предизвик беше воспоставување ред во јавниот превоз. По обновувањето на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие од исклучителна важност беше навременото сообраќање на автобусите во градските и приградските линии, со што граѓаните ќе добијат нов квалитет на сигурен, временски точен и во климатизирани автобуси превоз до посакуваното одредиште. За таа цел воспоставивме систем за следење и контрола на јавниот превоз со софтверско решение што поддржува GPS контрола и следење во реално време. Тоа резултираше со редовно и навремено пристигнување на патниците на одредиштето и задоволни граѓани, истакна градоначалникот Трајановски.
Пред присутните на Симпозиумот градоначалникот Трајановски ги изнесе и своите заложби за Енергетската ефикасност и заштедата на енергија и проектите кој ги споведе во текот на изминативе години како гасификација на средните училишта во градот, набавката на автомобил и скутери и велосипеди на електричен погон за администрицијата во Градот со 0% загадување и минимален трошок за енергенс, и опремување на катните гаражи со напојувачи за возилата на електричен погон.
Исто така, посочи дека Градот во изминатите 2 години активно работеше на изградба на нова и реконструкција на велосипедската инфраструктура во Град Скопје за да може на граѓаните да им понуди и алтернативен транспорт.
– Ме радува фактот што денеска имам можност да бидам дел од овој еднодневен Симпозиум на темата „Паметен град“ и гледам дека интересот

Поврзани вести